8 парчиња облека идеални за оваа пролет

0

Сончевото време овие денови веќе навестува пролет и иако има уште еден месец до неа, тоа не значи дека не треба да размислуваме за пролетната гардероба. Првата и најубава работа е што веќе нема да мора да носиме 18 слоја за да ни биде топло. Втората убава работа е што доаѓа време да ја обновиме гардеробата.

А ова се осумте парчиња кои можете да ги внесете во вашиот плакар

Јакна

Одберете лесна тексас јакна која ќе биде украсена со вез. Џинсот и везот се два големи тренда оваа пролет, па можете да ги вклопите одеднаш. И секако, одлично се комбинира со фармерки.

Џемпер

Бледо розовата боја е во тренд, па ако и вам ви се допаѓа колку и на нас, решете се за еден ваков џемпер во кој ќе ви биде топло додека не дојде вистинската пролет.

Патики

Што велите – смешни се или слатки? Во секој случај, ваквите патики се бидат ИН оваа пролет.

Викенд чанта

Оваа чанта повеќе личи на мал ранец и делува совршено за кога ќе тргнете на кафе или на прошетка во парк. Доволно е голема да собере сè што ви треба, а нема ни да се почувствувате дека ја носите префрлена преку рамото.

Панталони

Широките панталони до глуждови ги дочекаа своите 5 минути. Токму затоа можете да се решите за панталони во впечатливи бои, црвени на пример.

Голема чанта

Колку поголема, толку подобро, верувајте, бидејќи во оваа чанта ќе можете да ставите сè што ви треба (и не ви треба, ама сепак го носите со себе), а ќе можете дури и да го ставите вашиот лаптоп ако не сакате да го носите во класичната црна торба.

Здолниште

Оваа пролет стилистите препорачуваат тоа да биде плисирано здолниште. Во светла боја. И да го комбинирате со тесна маичка. Одлична комбинација.

Фустан

Ако сакате да носите плиш, идеален избор за оваа сезона е плишениот кус фустан кој може да се носи и преку фармерки, но и сам, како фустан кој ќе ви ги открие нозете.

Изборот е ваш.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот