8 нешта кои емпатичните личности ги доживуваат

0

Емпатите се познати по тоа што зрачат со енергија и позитивни вибрации. Тоа се луѓе кои имаат моќ да ги доживеат и впијат туѓите емоции. Тие го носат туѓиот товар на сопствените рамена, како да е нивен.

Тоа е навистина чудесен дар, особено во опшество како денешното. Како и да е, овој дар може лесно да биде и проклетство. Нивната природа и слободен ум може често да ги однесе до безброј непознати и нерешени проблеми.

За жал (или за среќа), тоа е нешто со кое се родиле и без кое не би можеле да опстанат. Емпатичните личности водат тотално различен живот од сите кои ги познавате.

Во прилог, погледете ги 8те основни нешта кои емпатичните луѓе ги доживуваат секојдневно, а повеќето луше не ги ни забележуваат.

1. Емпатите постојано чувствуваат како негативната енергија околу нив ги влечат надолу

Негативната енергија е насекаде околу нас, тоа е сигурно. Но, од нас зависи дали ќе дозволиме таа да ни влијае. Емпатичните личности имаат повисоко нивно на перцепција за се што се случува околу нив, па влијанието на емоциите од опкружувањето е надвор од нивната контрола.

2. Тие лесно се поврзуваат со луѓето

Емпатичните личности чувствуваат интензивно. Тоа е повеќе од телепатија и од интуиција. Тие имаат вистинска конекција со душата и умот на другата личност.
Затоа, тие често се чувствуваат преморено. Секојдневно се борат со хаотичните мисли и чувства и понекогаш имаат ”етикета” на мрзливи и неодговорни личности, затоа што чувствуваат потреба да се изолираат и одморат од туѓата енергија со која претходно се преплавиле.

3. Емпатите се човечки декетор на лаги

Ако ви е потребно валидно мислење за друга личност, емпатичните луѓе се вашиот вистински избор. Тие можат најдобро да ги проценат луѓето бидејќи се интензивно интуитивни.

4. Доживуваат интензивни чувства и при средба со странец
Емпатичните личности се склони да доживеат силна поврзаност и со личност која не ја познаваат повеќе од неколку минути/часа.

5. Тие не знаат да кажат ”не”
Често емпатичните луѓе не знаат да воспостават баланс со туѓите и сопствените емоции, па затоа речиси никогаш не се чувствуваат спокојно. Повеќето од нив не ни знаат што е тоа со кое се соочуваат, па лесно можат да станат депресивни.
Тие не се способни да одбијат некој што не се чувствува добро бидејќи ја чувствуваат нивната енергија, но, потоа може да зажалат бидејќи ќе се чувствуваат ”истрошено”.

6. Ретко имаат време за себе

Овие индивидуи имаат уникатен ум и чисто срце. Тие се проколнати да ги чувствуваат туѓите емоции и понекогаш се случува да ја изгуват границата и да мислат дека тоа се нивни емоции. Потребно им е да поминат време сами со своите мисли и да ги наполнат батериите, а тоа понекогаш не е возможно.

7. Знаат да се ”исклучат”

Емпатите не се секогаш интроверти, тие можат да бидат и многу дружељубиви и отворени личности. Дури и најголемите екстровертни емпати се нашле во ситуација кога се преплавени од миксот на туѓата енергија во просторија преполна со луѓе. Тогаш тие можат одеднаш да се исклучат, бидејќи им треба време да ги складираат наталожените чувства.

8. Емпатите се хиперсензитивни на одредени звуци

Нивната високо перцептивна природа им овозможува да слушаат звуци кои се со премал интензитет и останатите луѓе не можат да ги чујат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.