8 начини да го употребите кафето

0

Знаете ли дека ако го помешате кафето со маслиново масло или путер ќе добиете одлично средство за тело кое ќе помогне во намалување на целулитот на бутовите и задникот?

Кафето е омилен утрински пијалак на многу луѓе. Но, постојат и многу други начини за употреба на овој магичен пијалак.

Ако сте љубители на црното, домашно кафе ова се добри вести за вас.

Откриваме 8 фантастични начини за максимално користење на вашето омилено кафе.

1. Лажица кафе е составен дел од утринскиот ритуал кои ве расонува и ве подготвува за почеток на денот;

2. Пиењето кафе го стимулира варењето на храната и се наметнува како одлична алатка за губење на тежината и диета – особено ако пиете црно, домашно кафе без млеко и шеќер.

3. Стручните лица го потврдија позитивниот ефект од консумирање кафе како превенција од срцеви заболувања, дијабетес и ризик од Алцхајмерова болест.

4. Свежо мелените зрна кафе, може да се употребат и како пилинг за телото. Може да нанесете на цела кожа и нежно да триете од прстите кон главата.

5. Ако кафето го помешате со малку маслиново масло или путер, ќе добиете одлично природно средство за тело кое ќе го намали целулитот на бутовите и задникот.

6. Подгответе го кафето на обичен начин, а потоа ставете го да се замрзне во калап за коцки. Ледените коцки кафе користете ги за лице кога ви е потребно брзо освежување на изгледот на кожата.

7. Направете крема против брчки: помешајте една лажица изладено црно кафе (пред тоа сварено), со малку ‘ржано брашно и една жолчка од јајце – со добиената смеса може да го освежувате изгледот на лицето 2-3 пати во текот на денот.

8. Отстранете го непријатниот мирис во фрижидерот со помош на кафе. Во фрижидер ставете неколку зрна кафе и тие за ден-два ќе ја „впијат“ непријатната миризба. Сличен ефект ќе постигнете и ако во ладилникот оставите празна вреќичка кафе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот