8 летни имиња за вашето новороденче

0

Летото е годишно време кое го краси сончевата светлина, време кое не потсеќа на мирисот на море и мирисот на летните цвеќиња кои ја будат нашата фантазија и романтична страна. Затоа, ви ги претставуваме осумте имиња за деца кои асоцираат токму на ова годишно време-лето.

1. Леа или Лео
Голем број деца кои се родени во лето се родени во хороскопскиот знак Лав, на овој начин се поврзува нивниот датум на раѓање со името кое е синоним за храброст и сила.

2. Александра или Александар
Ова име потекнува од грчкото име Александрос кое значи „заштитник на луѓето“. Исто така може да влече корени и како кратенка од името на скапоцениот камен Александрит.

3. Јасмина или Јасмин
Името на белиот и мирисен летен цвет има подеднакво своја машка и женска страна. Името за девојчиња е дополнително популарно и заради принцезата Јасмина од анимираниот цртан на Дизни, Аладин.

4. Марина или Марин (o)
Значењето на ова име е придавка односно „морски“ или „морска“. Едноставно и убаво име кое асоцира на море и лето.

5. Август
Го означува последниот месец од летото т.е. латинското име Augustus чие значење е : почитуван, возвишен и величествен.

6. Кира
Ова убаво име за девојчиња потекнува од египетскиот збор за Сонце.

7. Лука
Уште едно име кое е поврзано со сончевата светлина. Потекнува од латинскiot збор „lux“ што значи светлина.

8. Далија
Име на цветот кое најмногу цвета во летните месеци. На хебрејски јазик значи витка, нежна гранка.

За кое име се одлучивте вие? 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот