8 едноставни начини како мажите да изгледаат паметно, елегантно и привлечно

0

      Има вистина во тоа дека треба да се инвестира во изгледот, посебно ако станува збор за работа во која имате директен контакт со клиенти, инвеститори или бизнис партнери. Без разлика на годините, во облеката треба да изгледате сериозно. Мажите најчесто ја мешаат младоста со тинејџерскиот стил и сметаат дека одела се за мажи со застарен вкус или за стари луѓе.

Овој текст е за сите мажи кои сакаат да направат чекор понатаму во светот на бизнис елитата.

1. Слоевито облекување може да изгледа стилски, а сепак да биде функционално

“ Се што ви треба се неколку едноставни комбинации. И има една тајна – колку поедноставно толку подобро ” – Cary Grant

landscape_nrm_1416607145-cary_grant_tux

Некои мажи се плашат да измешаат неколку различни  парчиња, бидејќи се плашат да не погрешат во комбинацијата. Ако тоа е причината, тогаш почнете со поедноставни комбинации како обичен џемпер со бела маичка одоздола. Тоа е основен трик кој ќе ја направи комбинацијата поинтересна. Помалку е повеќе, не се обидувајте да комбинирате комплетно различни парчиња. Кога комбинирате пак, повеќе слоеви на облека, бидете сигурни дека ќе ви бидат удобни и нема да ве ограничуваат во движењето.

2. Додатоците ја рефлектираат вашата личност

“Да постигнете опуштеност и ноншлантност во изгледот, што е апсолутно потребно за еден маж, мора еден дел од изгледот да се двои” – Hardy Amies

Мажите чувствуваат дека бизнис оделата не им дозволуваат многу да бидат свои и да го покажат нивниот карактер. Ако сте едни од нив, знајте дека само не сте го нашле вистинкото одело за вас кое стилски ќе ве одрази. Како и да е, ако се уште чекате тоа да ве пронајде вас, тогаш почнете со модните додатоци. Нема потреба да потрошите богатство за да изгледате “скоцкано”, туку може да вложите во убав часовник кој ќе делува префинето. Еден совет: ако сте пушач мора да знаете дека тоа не одговара на ниеден стил. Никој не сака среден маж во одело кој мириса на тутун. Времето на Џејмс Дин одамна заврши.

watch

3. Водете грижа за себе – стилизирајте ја брадата

“ Мојата мајка секогаш велеше дека луѓето треба да бидат способни да се грижат за себе, дури и ако се многу богати и познати” – Frances Hodgson Burnett

Ако имате брада или мустаќи, во тој случај мора да се грижите за истите. Не е воопшто секси и мажествено ако вашето лице е во тотален хаос. Мажите обично решаваат да пуштат брада со цел да избегнат секојдневно бричење. Како и да е, тоа што имате несредена брада не значи дека изгледате попаметно и поубаво – научете да ја одржувате, во тоа е тајната. Обично потстрижување со машинка наутро ќе направи да изгледате елегнатно и софистицирано. Така што не ви треба цело богатство да изгледате професионално и убаво. Истото ова важи и за косата. Кога ќе  видите во огледало убаво би било да ви се допадне тоа што ќе го видите. Личната хигиена никако не треба да ја заобиколите. Антипреспирантот нека биде дел од вашата чанта секојдневно. А размислете и за дополнителна маичка и кошула која ќе ја имате во канцеларија во секој момент.

9bcf122ff5a7357da5ae35e5b22d6d00

4. Убава чанта или паричник веднаш стилски ќе ве издвојат

“Стилот значи да знаете кој сте, што сакате да кажете и да не ви биде гајле за тоа” – Gore Vidal

Сигурно мислите дека носењето чанта е апсолутно непотребно, но е многу практично. Постојат многу дизајни и модели на машки чанти – вие само треба да го изберете вистинкиот за вас. Од винтиџ актовка до модерна поштар чанта. Добра и практична чанта значи во неа да може да сместите лапотоп, iPad и останати лични предмети.

Фрлете го средношколкскиот паричник и вложете во нов кожен. Внимателно изберете го за да може да одговара на вашите потреби.

bag

5. Позицијата на телото придонесува многу кон вашата појава

“ Елеганцијата често се меша со површност, модата со недостиг на душевна длабочина. Ова е сериозна грешка: човечките суштества имаат потреба од елеганција во своите постапки и нивното држење затоа што ова е збор кој е сининим за добар вкус, рамнотежа и хармонија на личниста” – Paolo Coelho

Можете да носите фино одело и скапи чевли, но ако имате лошо држење на телото ќе изгледате лошо. Исто така сте подложни на физички болки кои се појавуваат како последица на тоа. Вежбајте правилно стоење со цел да го подобрите здравјето на телото. Кога сте во канцеларија, најдете удобна позиција на столицата и одморете го грбот. Убавото држење ќе направи облеката да изгледа подобро на вас и секако ќе ја зајакне самодoвeрбата.

6. Планирајте однапред за да избегнете стилски пропусти

“Еден маж треба да изгледа како да ја купувал облеката со многу внимателност, притоа откако ќе ја носи да се грижи за истата наместо да ја фрли и целосно заборави” – Hardy Amies

Ако немате испланиранo што ќе носите  однапред, во тој случај нема да го пoстигнете ефектот кој го сакате. Да, потребно е да имате фино одело, но исто така мора да испланирате во каква комбинација ќе го носите тој ден. Ова е од причина што може да се случи да станете утрото и  да сфатите дека ништо не ви се согласува , а немате време да исперете кошула која ќе ви одговара совршено. Токму поради тоа, многу полесно е ако однапред имате испланирано неколку комбинации.

7. Научете неколку основни работи

Убаво заврзана кравата е првиот сериозен чекор во животот” – Oscar Wilde

Одвреме – навреме на нашите алишта им е потребна брза интервенција како на пример да се зашие копче, дупка и слично. Не трошете пари и не чекајте некој друг да го направи тоа за вас. Научете сами. Зашивањето можеби изгледа комплицирано, но колку побрзо научите толку подобро затоа што ќе бидете способни тоа да го направите за пет минути наместо да чекате со денови. Што е уште поважно, научете сами да ја заврзете краватата. Убаво наместена кравата го подобрува целосниот изглед. Ако поседувате кожени чевли треба да знаете дека секогаш мора да се грижите за нив. Мора да ги мачкате со боја, да ги полирате и да ги одржувате константно.

 8. Ако се чувствувате убаво тоа веднаш ќе се забележи

“Модата бледнее, стилот останува засекогаш” – Yves Saint Laurent

Стилот треба да одговара на вашата личност. Да се чувстувате убаво во сопствената кожа е најважниот дел од стилот. Не постои нешто што не можете да го направите ако се чувствувате убаво. Не само што ќе ја зголеми самодовербата , туку и ќе ве подготви за нови предизвици. Не се обидувајте да се промените како личност. Едноставно покажете ја преку стилот. Најважните две работи во модата се овие: луѓето се задоволни со себе и облеката која секојдневно ја носат, а втората работа е насмевката. Секогаш имајте ја на себе бидејќи тоа ќе ви биде најуникатниот моден додаток.

12033402_10206632306660593_737596044_n