76 години од првиот цртан филм „Том и Џери“

0

Нашите омилени анимирани ликови од детството, мачката Том и глувчето Џери наполнија 76 години.
Пред 76 години во месец февруари е прикажан првиот цртан филм на телевизија, а Том и Џери станаа омилени на децата ширум светот.
Том сеуште се обидува да го фати Џери, но неуспешно.

Првата епизода од цртаниот филм добива и номинација за Оскар и Оскар , но од периодот од 1943-1953 година Том и Џери освојуваат 7 Оскари за неколку различни епизоди од авторите Хана и Барбер:
“The Yankee Doodle Mouse”, “Mouse trouble”, “Quiet Please”, “The cat concerto”, “The little orphan”, “The two mouseketeers” i “Johan Mouse”.

Верувале или не, на почетокот нивните имиња биле Џаспер и Џинкс, но подоцна компанијата нуди награда на вработените за да пронајдат соодветни имиња за овие ликови.
zenski-magazin-lifestyle-zabava-76-godina-od-prvog-crtanog-filma-tom-i-dzeri-1 (1)

Изгледот на немирното глувче и лакомата мачка се менуваше со годините. Сигурно се сеќавате дека едно време лошата мачка изгледаше навистина злобно, а глувчето пак предебело.
Авторот на Том и Џери од 1963-1967, Чак Џонсон постојано ги нагласуваше нивните веѓи и уши, а воедно и препознатливата мелодија која се користи до ден денес.

Од 1957-1977 година повторно се враќаат матичните автори Хана и Барбер со 48 нови епизоди.

Денес студиото на Warner Bros овие ликови ги прави одлични и со многу подобри анимации користејќи 2D технолигија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.