71 година од формирањето на Црвена Ѕвезда

0

На денешен ден пред 71 година, е формирано Спортското друштво Црвена Ѕвезда, расадник од кој излегле голем број на успешни и меѓународно признаени спортисти, и освојувач на голем број трофеи во рамки на поранешна Југославија, Европа и Србија.

Иницијативата за формирање на Црвена Ѕвезда ја покренал градскиот одбор УСАОС Белград, во февруари 1945 година. Тогашните младинци, членови на Српскиот сојуз на антифашистичка младина, почнале подготовки за основање на младинско фискултурно друштво, со цел да биде составено од разлипчни спортски дисциплини.

На последната седница на иницијативниот одбор, основачите долго дискутирале околу тоа кое име да го носи новиот спортски колектив. ‘Кумови’ биле Слободан Чосич и Зоран Жујович. После повеќе неуспешни предлози како-Торпедо, Динамо, Младост, Локомотива, конечно Чосич изјавил: “Да го наречеме ние нашето друштво Ѕвезда“, на што Жујович спонтано додал: “Одлично. Само, кога е Ѕвезда нека биде црвена“.

Со овој предлог се сложиле сите присутни, а ден покасно и официјално е формирано Младинското фискултурно друштво Црвена Ѕвезда. Одредени биле и боите, црвено-сино-бела со бела петокрака на црвена маица или дрес, но со текот на годините сината боја во целост исчезнала.

Најголемиот успех на ‘црвено-белата’ фамилија, дефинитивно го има постигнато фудбалскиот клуб во 1991. година, со освојувањето на Купут на европски шампиони и Интерконтиненталниот клуб.

Спортското друштво Црвена Ѕвезда, моментално има секции во следните спортови: фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо, одбојка, атлетика, тенис, веслање, стрелаштво, мечување, џудо, бокс, борење, кик-бокс, шах, пинг-понг, хокеј, диганње тегови, пливање, карате, автомобилизам, велосипедизам, скијање, рагби, куглање, таеквондо, лизгање, мма и бриџ.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот