7 разлики меѓу мажот со кој се забавувате и оној со кој ќе се омажите

0

Постои причина зошто велат дека љубовта е слепа. Кога сме заљубени се надеваме и посакуваме чувствата да ни бидат возвратени, но за жал не е секогаш така.

Надежта е она што не залажува, заслепува и ни дава енергија да се трудиме, дури и кога одвнатре чувствуваме дека тој можеби не заслужува.

Погледнете ги јасните 7 разлики помеѓу оној кој ве доживува само како забава и оној кој сака да ја градите иднината заедно… 

1. Момчето со кое се гледате ќе тврди дека не е тип што се обврзува. Ќе поминува време со вас, ќе ви биде интересно и забавно, но никогаш нема да ве сфати сериозно. Оној со кого ќе бидете заедно до крајот на животот е личност која ќе стане ”вистинскиот” веднаш откако ќе го запознаете. Тоа е моментот кога сè во вашиот живот се менува и тој ќе направи да сфатите дека не можете да живеете без него.

2. Човекот со кој се забавувате никогаш нема да зборува за вашата иднина заедно. Тој не е амбициозен и не се чувствува возбуден за вашиот иден живот. Додека оној со кој ќе се омажите секогаш ќе зборува за иднината, ќе ги планира работите во множина и нема да ве исклучи во ниту еден план.

3. Оној несериозниот, ќе ве тестира само за да види кој е вашиот лимит на толеранција, ќе сака да види и колку сте спремни да направите за него, додека за возврат тој не дава ништо. Со оној вистинскиот, се што ќе направите, ќе ви биде возвратено со иста мера, ако не и повеќе. Тогаш ќе увидите дека за една врска да успее, не треба да се трудите премногу. Доволно е да сакате и цените и истото да ви биде возвратено.

4. Личноста со која само се забавувате, нема да го интересираат вашите соништа и планови. Тој се грижи само за сегашниот момент и сака да добие максимум. Од друга страна, оној со кој на крајот ќе завршите, ќе ве поддржува и охрабрува за подобра иднина и постигнување на целите. Тој ќе ве направи свој приоритет.


5. На оној со кој се забавувате, важен му е само сексот, тој не е трпелив и не се грижи за вашето задоволство, додека вистинскиот би се задоволил и со силна прегратка и нема да ве форсира за ништо.

6. Личноста што не ве доживува сериозно, нема да биде внимателен и џентлмен, тој никогаш нема да посегне по сметката во ресторанот. Мажот кој сака да бидете негова сопруга, нема да дозволи ни да помислите да извадите паричник, дури ни за бакшиш.

7. Човекот со кој се забавувате нема да зборува за чувства и да ви даде чувство на сигурност. Тој не знае како се чувствува за вас, но му одговара да се гледате. Другиот, оној кој сака вистински да биде покрај вас, не се плаши да каже и покаже дека ве сака. Тој ќе се погрижи да се чувствувате како најсаканата жена на светот и како да не постои попрекрасно нешто. Тој вистински се чувствува среќен што ве има. Кога ќе го погледнете во очи, ќе можете да ги видите следните 50 години пред вас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар