7 причини зошто треба да престанеме да им се докажуваме на другите

0

Понекогаш имaме потреба да му се покажеме на светот дека сме без ниту една маaна, со надеж дека сите ќе нè прифатат и сакаат. Но, ние не можеме да ги задоволиме сите, а не би ни требало да се обидуваме да го сториме тоа.

Нашата убавина се крие во нашата ранливост, комплексните емоции и нашето автентично несовршенство.
Кога се прилагодуваме на она што сме и одлучуваме да бидеме автентични, наместо да мислиме што другите сакаат од нас, создаваме правилни односи со другите за вистинска среќа и успех.
Нема потреба да носиме маски или да се претвараме во нешто што не сме, бидејќи нема зошто да се докажуваме и покажуваме пред другите.
Еве зошто…

1. Луѓето кои вреди да ги импресионираме од нас посакуваат да сме природни.
Подобро е да бидеме ценети и сакани поради она што сме, отоколку поради она што не сме. Единствените односи кои траат вечно се оние кои од нас прават подобра личност без да не менуваат во друга личност.
Не треба да се менуваме само од причина да бидеме сакани, треба да сме трпеливи, да бидеме она што сме и многу набрзо ќе бидеме ценети од луѓето такви какви што сме.

2. Никој друг не знае што е најдобро за нас
Не треба да се губиме во потрагата да бидеме прифатени од другите. Треба да чекориме самоуверено по нашиот пат, не очекувајте другите да го разберат тоа, бидејќи можеби тие чекорат по друг.
Да ги научиме чекорите кои се добри за нас, бидејќи никој друг не оди во нашите чевли.

3. Ние сме единствената личност која може да го промени нашиот живот.
За секоја ситуација која сме ја доживеале, одговорноста е наша. На истиот начин без разлика што се случило треба да знаеме дека ние сме во улога да го промениме размислувањето, да донесеме одлука и да ја промениме ситуацијата. Тоа зависи само од нас. Да не дозволуваме мислењето на другите да влијае на овие одлуки. Она за што сме способни да го направиме, зависи од она што ќе избереме да направиме со нашето време и енергија. Затоа доволно размислувавме што другите мислат за нас.

4. Материјалистичкото мерило на вредност е безвредно
Кога ќе се најдеме во ситуација да избереме помеѓу она што нашите пријатели мислат дека е најдобро за нас и нашата одлука, секогаш треба да го одбереме оној пат што прави да се чувствуваме живи – ако не сакаме сите да бидат среќни, освен нас.
Повеќето луѓе мислат дека среќата, убавина и успех во животот, за сите имаат исто значење.
Но, ние сме сведоци дека материјалните работи не се воопшто важни. Потребно е да се движиме кон подобри идеи и по работата што нè прави среќни, тоа го прави животот убав.
Важно е да имаме карактер и сила и чувство на самоувереност. Ако доволно сме среќни да ги поседуваме овие карактеристики, не треба никогаш да ги продадеме.
bigstock-Young-business-man-standing-in-895961305. Животот не е трка- нема што да докажеме
Многу луѓе посакуваат први да стасаат на врвот од планината и да извикаат:
– Погледнете ме! Погледнете ме!
Но, вистината всушност е дека среќата доаѓа додека се искачуваме по таа планина, а не додека седиме на врвот!

6. Патот до усепехот е секогаш попречен со несупеси
Без престан поминуваме низ промени. Не е потребно секогаш да сме во право, но не треба ни да се грижиме кога не сме. Грешките се дел од процесот. Таа личност што понекогаш наликува на будала, може да е единствената на вистинскиот пат. Ако премногу се трудиме да ги импресионираме луѓето со нашето „совршенство“ ќе го стопираме нашиот развој.

7. И онака е невозможно да ги задоволиме сите
Некои луѓе секогаш ќе ни повторуваат каде сме погрешиле и како требало да постапиме.
Ајде да не бидеме како нив, а и да не ги трпиме. Кога ќе наидеме на некој што не нè цени или се однесува не убаво кон нас, без никаква посебна причина, не се трошиме  да им го промениме мислењето за да добиеме нивно признание. Исто така да се погрижиме до нашето срце да не стаса никаква омраза кон нив.

Заклучок:
Нам не ни е потребно признание или книгата која ја пишуваме да биде најпродавана, или милион долари. Доволно е она што во моментот сме. Помалку да се грижиме за што им значиме на другите, а повеќе за тоа што си значиме ние на себе. Помалку ќе сме разочарани кога ќе сфатиме дека признанието кое го чекаме од другите може да си го пружиме сами на себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар