7 нешта кои ги правите бидејќи сте високо интелигентни

0

Интелигенцијата отсекогаш била оспорувана категорија бидејќи науката секогаш се труди да ја измери според стриктни правила и прописи.

Децата чиј скор е солиден на тестови се сметаат дека ќе бидат поинтелигентни од останатите деца. Луѓето кои се прилагодуваат на правилата и ги следат сите упатства, се сметаат за многу помудри од оние кои ја следат својата креативност.

Во оваа цврста конструкција на дефиницијата на интелигенција, каде се наоѓате вие? Дали мислите дека сте интелигентни?

Ви претставуваме некои квалитети кои означуваат дека вашата интелигенција се двои од останатите…

Заборавете го она што општеството ве научило дека се смета за брилијантно. Обидете се да ги измислите и да ги креирате вашите идеи на нови начини кои можат да бидат експлозивно интелигентни.

Ова се седумте квалитети кои се докажани од науката дека се во тесна врска со високо интелигентните личности:

1. Вие сте ноќна птица
Според истражувањето, луѓето кои остануваат до доцна се поинтелигентни од оние кои заспиваат рано. Ако мислите дека останувајќи до доцна ќе ве направам попаметни, ќе се разочарате бидејќи тоа не функционира на тој начин. Тоа само означува дека постои корелација помеѓу повисокиот коефициент на интелигенција и да се биде ноќна птица.
2. Вие сте интроверт
Многу е зборувано за тоа како интровертите се поинтелигентни од екстровертите. Студија направена од Центарот за развој на надарени лица покажала дека 60% од надарените деца имаат интровертно однесување. Ова е чест случај помеѓу лицата со повисок коефициент на интелигенција.
Германскиот психолог Ханс Ејзенк спровел експеримент за интровертите и открил дека тие имаат природно висока кортикална будност т.е. нивната способност за обработка на информации во секунда е повисока од просечната на екстровертите.

3. Забавни сте
Ако можете да ги насмеете луѓето околу вас, вашето IQ ниво е дефинитивно поголемо од останатите. Бидејќи луѓето кои се сметаат за забавни се многу духовити и креативни, нивните разговори никогаш не се здодевни, што придонесува за нивното повисоко ниво на интелигенција. Луѓето со смисла за хумор исто така постигнале подобри резултати на испитите за вербална интелигенција.

4. Го прифаќате ограниченото знаење
Паметните луѓе не се срамат да признаат дека постои нешто што не го знаат. Тие не се форсираат да знаат се. Се чувствуваат удобно во своето ограничено знаење и отворени се за секогаш да учат нови работи, со што ја докажуваат својата интелигенција.
Всушност луѓето што се помалку интелигентни понекогаш ги потценуваат своите когнитивни способности. Постојат студии кои научно го докажуваат овој податок.

5. Љубопитни сте за околината
Луѓето кои покажуваат знаци на љубопитност, всушност се повеќе интелигентни од останатите. Дури Ајнштајн изјавил: „Јас немам посебни таленти. Јас сум само страствено љубопитен.“

6. Вашиот ум не е ограничен
Оваа способност ви овозможува да ги разберете различните перспективи, да не се ограничувате само на сопствената. Вие сте подготвени да го прифатите постоењето на повеќе мислења и отворени за нови идеи.
Според истражувањата, луѓето кои се подготвени да ги видат двете страни на аргументот имаат тенденција да добијат висок скор на IQ тестови. Но, тоа не значи дека интелигентната личност би прифатила каква било идеја поставена пред нив.

7. Покажувате чувствителност кон другите
Ако сте интелигентни, тоа не значи дека треба да сте арогантни и препотентни. Вистински интелигентната личност покажува емпатија и сочувство кон другите луѓе и нивните животни искуства.
Емоционалната интелигенција исто така е значајна форма на интелигенција, што за жал не ја поседуваат повеќето.
Емоционално интелигентните луѓе сакаат да се впуштат во разговор со нови личности, обидувајќи се да ги разберат нивните животи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар