7 модни совети на Дејвид Бекам за оваа пролет

0

Еден од најдобро стилизираните мажи на денешницата, де одличи да им помогне на сите мажи кои мака-мачат со модните избори, и подели со нив неколку совети за тоа како да бидете модерни и стилизирани оваа пролет.

Trench капут
Одличен е за свежите пролетни денови, а можете да го искомбинирате со вашата омилена бела маица и вашите омилени фармерки.

trench

Светло одело за топлите денови
Светло одело и исончано тело е се што ви е потребно за да бидете во тренд ова лето.

Harington јакна
Одличен избор за поладните пролетни денови да ве згрее, и да го дополни вашиот стил.

harington

Сако и маица на пруги
Пругастата облека доминита веќе неколку години, па така и вие ќе доминирате доколку се појавите некаде со вашата маица на пруги, искомбинирана со некое лесно сако.

Бели фармерки
Ни оваа година нема да погрешите ако облечете бели фармерки, а во комбинација со плава морнарска маичка ќе биде полн погодок.

beli farmerki

Кежуал гардероба
Оваа варијанта е одлична доколку одлучите денот да го поминете во својот дом, но ако е доволно добра за да излезете надвор со неа-тогаш сте направиле одличен избор.

Тексас
Доколку искомбинирате тексас кошула со тексас фармерки, сигуно нема да погрешите. Оваа класична комбинација заедно со бела маичка, секогаш се моден тренд.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот