4 грешки кои ги правиме при промената на сметање на времето

0

Во неделата, во два по полноќ, сказалките на часовниците се поместија за еден час напред, што значи дека времето за спиење ни се скрати, но сепак кога се менува времето некои работи остануваат исти.

Спиењето
Некои луѓе имаат впечаток дека сказалките се поместиле за еден час наназад, а не нанапред. Па така забораваат дека сонот им е скратен за еден час, и мислат дека можат да си лежат опуштено во креветот, но ги чека непријатно изненадување кога ќе го погледнат часовникот.

sleep

Поплаки дека се спие помалку од претходно
Да, сите луѓе се склони кон жалби од овој тип. Но реалноста е дека пролетното сметање на времето нема никаква врска со вашиот замор. Наместо да се жалите на губењето на тој еден час од вашиот живот, кажете си дека се чувствувате одлично. Исклучок се разбира се оние кои се мамурни, или на кои тој еден час им значел-еден час повеќе потпрени на шанкот.

Се вади летната гардероба од гардероберот
Летната сезона и официјално започна. Но немојте да ги заборавате јакните, бидејќи сеуште не е лето и ќе биде свежо во периодот што следи. Тоа се разбира најмногу важи за девојките кои чим излезе првото сонце, имаат впечаток дека стигнало летото и веднаш ги облекуваат кратките сукњички и маички, а сеуште не е температурата погодна за таква гардероба.

fustan

Мислите дека имате време за чашка повеќе
Ова е класична студентска грешка. Ако часовникот се поместил за еден час, тоа не значи дека можете да останете на шанкот еден час подолго. Тоа најлесно ќе го приметите ако чекате градски превоз рано наутро, они сигурно нема да го игнорираат фактот дека казалките се поместиле за еден час.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот