6 трендови на кои треба да заборавиме во 2018та година

0

Иако ја започнавме годината со прекрасни, носливи трендови, сепак во новата година ќе треба да се збогуваме со дел од нив.

На она што можеме да се радуваме се многубројните нови трендови кои ги носи 2018та година, како и фактот дека сите трендови со кои сега ќе се збогуваме, еден ден веројатно ќе се вратат.

Еве што нема повеќе да биде ”ин” во новата година:

Чокери
Минатата година изгледаше дека чокерите никогаш нема да излезат од мода, се додека во 2017та не беа засенети од ”statement” впечатливите обетки. Токму тоа парче накит ќе се погрижи во новата година да ги заборавиме чокер ланчињата. Но, прашање на време е кога тие повторно ќе го доживеат своето враќање во модниот свет.

Голи рамена
Уште еден тренд од 90тите за кој изгледаше дека никогаш нема да ни здодее, но сепак во 2018та година не напушта. Иако прекрасни, вистината е дека комбинациите со голи рамена беа толку исфорсирани, што на сите нам ни здодеаја.

Вреќести торби
Таканаречените ”бакет” торби со својот изглед на пространост ги полудеа сите жени пред неколку години. На нивната популарност се ближи крајот и тие веројатно ќе бидат заменети со структурирани торби во геометриски облик и детали како метални округли рачки. Сепак се сомневаме дека вреќестите торби долго ќе бидат засенети поради нивната практичност.


Мини ранци
Иако слатки, нивната голема маана е тоа што во нив не собира речиси ништо, па не е чудно што не успеаја да се задржат ”во мода” подолго од една година. Сепак, тоа не значи дека ќе престанеме да носиме ранци со нормална големина.


Бомбер јакни
Искрено, немаме ништо против нив, но сигурни сме дека и вам прилично ви здодеаја бидејќи еден период ги носеа буквално сите. Во 2018та година ќе се носат структурирани кроеви, a бомбер јакните ќе одат на заслужен одмор.


Торби околу струкот
Контроверзни тренд на кој се навлекоа само “street style” ѕвездите и не успеа да се прошири на поширока публика дури и пол една година, но љубителите на овој тренд се надеваат дека ќе дојдат и неговите 5 минути.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар