6 практични психолошки трикови кои би требало да ги пробате бар еднаш

0

Човековиот ум има комплицирана, но извонредна природа. Toa е како нецелосно откриена мапа за кој секојдневно добиваме нови, интересни информации.

Фактот дека за функционирањето на нашиот мозок има да дознаваме и учиме уште многу, ни остава простор понекогаш да фантазираме и да си замислуваме за бесконечните можности кои умот ги нуди.

Кога доволно силно би посакале и би верувале во моќта на нашата свест и волја, ќе бидеме способни да го направиме сопственото секојдневие полесно и да го постигнеме токму она што го сакаме.

Психологијата нуди изобилие од практични трикови со кои можеме да се послужиме и да го постигнеме тоа, а ние ви издвоивме дел од нив…

1. Доколку се најдете опкружени со луѓе, за кои чувствувате дека не ве сфаќаат сериозно, употребете ја фразата „моите родители ме научија дека…“, кога им зборувате. Луѓето се склони да го сметаат за свето сето она што им е пренесено од родителите и семејството, па затоа потсвесно тие повеќе ќе го почитуваат она што им го говорите.

2. Кога сакате да дознаете дали му се допаѓате на вашиот соговорник, одберете еден збор или фраза што таа личност често ја употребува или насмевнете и кимнете со главата секој пат кога личноста ќе го изговори конкретниот збор/фраза. Доколку таа личност ви е наклонета, ќе го употребува зборот/фразата почесто.

3. За да постигнете луѓето да се согласат со вашиот став и мислење, секогаш кога зборувате суптилно и нежно кимнете со главата. Оваа гестикулација потсвесно ги тера луѓето да веруваат дека она што го кажувате е правилно и точно, па речиси секогаш резултира со успех.

4. Верувам дека на секој од нас, бар еднаш му се случило да си потпевнува во глава одредена песна и да не може да ја заборави во текот на целиот ден.
Сме се обидувале, но никако не сме успеале да ја “извадиме“ мелодијата од глава. И за ова постои решение.
Следниот пат кога ќе ви се случи ова, обидете се сетите на крајот од песната. Според Зеигарниковиот ефект, луѓето имаат тенденција постојано да обмислуваат нешта кои ги сметаат за незафршени.

5. Кога при разговор со одредена личност не знаете што да им возвратите, парафразирајте го она што тие го изговориле и повторете го. Соговорникот инстиктивно ќе се почувствува пријатно и ќе добие впечаток дека вистински, сконцентрирано сте го сослушале.

6. За да избегнете да бидете одбиени кога ви е потребна помош/услуга, секогаш пристапете директно и отворено, обратете се со: „Потребна ми е твојата помош.“
Луѓето сакаат да се чувствуваат убаво со себеси, затоа наметнатото, потенцијално чувство на вина ќе ги направи неспособни да ве одбијат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.