6 нешта што силната жена ги прави кога е во врска

0

Силните, независни жени се реалност. Тие се многу просперитетни и успешни, а можат да бидат и многу забавни. Една од најчестите грешки што луѓето ги прават е погрешното толкување на силните жени и претпоставувајќи за нив дека се ладни и не сакаат љубов.

Всушност, силните жени покрај останатите карактеристики имаат високо ниво на емпатија и се многу емотивни. Кога се во љубовна врска, ова се 6те нешта кои тие ги прават…

 

1. Го мотивира партнерот
Силната жена не го омаловажува својот партнер, ниту го повишува тонот или се лути за ситници. Таа му помага да ги оствари своите соништа и цели. Мажот кој е во врска со ваква жена, има верен фан до крајот на животот, која нема да се плаши покрај поддршката, да даде критика кога е потребно.

2. Таа е одговорна
Го почитува своето време, но исто така и времето на другите. Не остава обврски за утрешниот ден и секогаш ги исполнува своите ветувања. Силната жена ја цени моќта на своите зборови и затоа е многу внимателна со нив. При расправија со партнерот, таа никогаш нема да каже работи што не ги мисли.

3. Не игра игри
Сигурна е во она што го сака и токму тоа ќе го побара. Мажот покрај силна жена, нема потреба да се грижи дека нешто стои позади кажаните зборови, таа секогаш го кажува токму тоа што го мисли и чувствува.

4. Не се грижи дали ќе остане сама
Таа пред се, чувствува љубов кон себеси, знае како да ужива во сопственото присуство и не зависи од другите луѓе. Сепак, способна е длабоко и емоционално да се поврзе со партнерот. Таа не е жена што би останала во врска што не е здрава и ѝ влијае негативно, само поради љубов.

5. Му верува на партнерот
Главна особина на силната жена е самодовербата. Таа е сигурна во себе и не е параноична во љубовните врски. Исто така, секогаш ја слуша својата интуиција и доколку нема потреба од грижење, нема да се однесува посесивно и контролирачки кон својот партнер. Мажите не треба да ја потценуваат силната жена, бидејќи таа не е личност која ќе им прогледа низ прсти, ако ја злоупотребат нејзината доверба.

6. Не се задоволува со малку
Силната жена е жена со принципи и силни вредности. Јасно ја познава границата помеѓу правилно и погрешно и цврсто стои до секоја својата одлука. Таа нема да прифати ништо помалку од најдоброто и секогаш е пребирлива при изборот на маж кој ќе застане покрај неа. Доколку партнерот не ги исполни нејзините критериуми, таа нема да го губи своето време.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот