5 Заблуди околу тоа што треба или не треба да јадете

0

Пакети украсени со овошје и зеленчук, ветувачка храна која не содржи масти, храна која на прв поглед ќе ви изгледа како најздравиот избор за вас, но тоа не е секогаш така.

Добриот маркетинг и многубројните истражувања на оваа тема, може лесно да не доведат во заблуда за тоа што е здраво и што треба да јадеме, а што не.

Ова се 5 заблуди и митови поврзани за тоа што треба да јадете.

Обезмастеното млеко е подобро за вас
Полно-масното млеко можеби и не е така лошо и штетно за вашето здравје колку што можеби сте мислеле. Според едно истражување, луѓето кои конзумираат полно-масно млеко не се соочуваат со поголем ризик од развивање на срцеви болести или дијабетис од второ ниво. Никој не конзумира толкава количина на млеко за да би влијаело негативно на нивното здравје, и млекото може и би требало да е дел од секоја диета.

храна2

Немојте да јадете компири
Чипсовите, смоките и другите производи од преработени компири со различни вештачки ароми, ги ставаат компирите во негативно светло кога се работи за вашето здравје. Но ако сакате да држите здрава диета, не мора да го исфрлите компирот од вашето мени.

Оваа храна е добар извор на витамин Ц и на влакна, и може да игра важна улога во вашата диета, особено ако се спремаат без сол и без масло.

храна 3

Храната без глутен е поздрава
До неодамна, луѓето кои се осетливи на глутен, се мачеа да најдат продукти кои не го содржат овој протеин кој се наоѓа во пченицата и некои други зрна. Но во последно време, бројот на продукти кои не содржат глутен е се поголем. Почнувајќи од различни видови на леб, торти, или житарици кои се погодни за оние со осетлив желудник.

Но, многумина го имаат помешано терминот “без глутен“ со “здраво“, и го имаат елиминирано овој протеин од своето мени и покрај тоа што не се нетолерантни на глутен. Исфрлувањето на глутен од вашето мени може да резултира со недостаток на витамнини, минерали и влакна, кои ги има во глутенот.

храна 4

Сушито е секогаш здраво
Помислата на обичен ориз, замотан во свежа и сирова риба, прави сушито да звучи како врвот во здравата исхрана. Но здравите состојки на сушито можат да бидат оштетени на повеќе начини.

Сировата риба и оризот содржат големо количество на јагле хидрати, што значи дека е потребно помалку време за да се свари таа храна, со тоа се зголемува нивото на шеќер во крвта и за кратко време придонесува повторно да сте гладни.
Освен тоа, сушито често може да е сервирано со сосеви кои имаат големо количество на шеќер, или сосеви кои имаат големо количество на натриум.

храна 5

Соковите содржат големо количество на овошје
Продуктите кои имаат имиња кои звучат здраво, и слики на паковањето на кои можете да видите свежо овошје, можат лесно да не прелажат дека е здраво да ги конзумираме.

Меѓутоа тетрапак соковите не содржат ни приближно толкаво количество на овошје во нив како на пример свежо исцедените сокови. Доволно е само да го проверите составот и ќе забележите дека овие сокови содржат вештачки ароматизатори, големо ниво на шеќер и вода, што е штетно за нашиот организам.

храна 6

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот