5 тренди фармерки кои се моден хит во моментов

0

Заборавете на цевка фармерките кои досега ги носевте. Спакувајте ги во некој од плакарите и нека чекаат подобри времиња кога повторно ќе се вратат во мода.

Модните тренд сетерки на големо почнаа да ги носат фармерките кои до минатата година ни се чинеа многу ретро и неженствени.

Погледенете кои 5 модели се „ин“:

Момчешките фармерки

Неколку нијанси комбинирани во еден пар фармерки. Уникатни и веднаш забележливи кои можете да ги комбинирате со спортски патики по ваш вкус.

Винтиџ деним составени од два различни модела

Изгледаат неспоиво, но сепак можат одлично да се комбинираат и со чизми на висока потпетица, како на фотографијата.

„Мама“ стил

Фармерки кои се со висина до половината, одлични за лежерен стил кој пред сè ја истакнува удобноста.

Сечени фармерки

Овој модел има исечени ногавици до над глуждови. Убаво изгледа со рамни чевли и памучна блуза.

Скинати фармерки

Овој модел е впечатлив и можеби се носи најмногу од сите горенаведени. Одат одлично во комбинација со ниски чевли, патики и обувки со високи потпетици.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот