5 тајни на успешниот и уреден маж

0

Освен што не треба да смислуваат приговор дека не го наместиле својот кревет или не го исчистиле својот стан, има уште неколку причини зошто уредните мажи имаат подобар живот.

Уредните мажи имаат одлична организација
Времето е пари! Кога одите на работа, а притоа потребно ви е половина час да ги најдете потребните документи, губите драгоцено време и не сте функционални уште на почетокот на денот.
Чистењето и средувањето на споствениот работен простор е многу важно, бидејќи пред се ќе се чувстувате поубаво и поопуштено, па со самото тоа ќе бидете и повеќе организирани и продуктивни.

Уредните мажи се попривлечни
Кога работите со клиенти и кога треба да преговарате за одредена работа, потребно е да оставите добар впечаток.
Ако изгледате неуредно и непримерно пред потенцијалните клиенти ќе оставите негативна слика за себе, а секако тоа ќе влијае и на вашата работа.
Првиот впечаток е еден од најважните аспекти.

Уредните мажи имаат повеќе секс
Истражување во кое учествуваа 7.000 парови во Америка, покажа дека мажите кои водат грижа за својата хигиена имаат почесто сексуални односи и уживаат во среќна врска.

Уредените мажи се самосвесни и повеќе продуктивни
Кога луѓето ќе забележат личност што не се грижи за себе и што остава лош впечаток, се обидуваат да ја одбегнат со поглед.
Уредните луѓе имаат поголема самодоверба, а тоа води до поголема самосвест. Кога изгледаме убаво, така и се чувстуваме, а со тоа сме и повеќе продуктивни.

Чистење против меланхолија
Чистењето и средувањето на куќата ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да го исклучите мозокот на некое време. По ова, ќе се чувстувате поубаво, задоволно и самоуверено.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.