5 Работи кои ќе се случат со вашиот мозок ако танцувате

0

Сите оние кои се редовни на подиумот за танцување и сакаат да танцуваат ќе бидат изненадени кога ќе дознаат колку добра услуга си прават самите на себе. Танцувањето е многу повеќе од забавна активност која ја практикувате со вашите пријатели или партнер, тоа има способност да ја потврди активноста на вашиот мозок.
Ова се 5 примери како танцувањето влијае на вашиот мозок.

Ја зајакнува мозочната пластичност
Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн од Њујорк, спровел истражување на личности од 75 или повеќе години, во период од 21 година. Истражувачите ја мереле менталната острина при стареењето, притоа следејќи ги стапките на деменција. Целта на истражувањето била да се утврди дали некаква физичка или когнитивна рекреативна активност, има некакво влијание на менталната острина.

Според истражувањето, одредени когнитивни активности влијаат на менталната острина, но скоро ниту една од физичките активности немала никаков ефект, освен честото танцување.
*Читање-35% намален ризик од деменција
*Возење велосипед и пливање-0% намален ризик од деменција
*Решавање крстозбор барем 4 дена во неделата-47% намален ризик од деменција
*Играње голф-0% намален ризик од деменција
*Често танцување-76% намален ризик од деменција
Луѓето кои танцуваат редовно, имаат поголеми когнитивни резерви и поголема комплексност на невронските синапси, а со подобрување на овие нервни квалитети се намалува ризикот од деменција.

tanc 2

Ќе ве направи поинтелегентни
Што се подразбира под интелегенција? Ако нашиот одговор во дадена ситуација е автоматски, тогаш е генерално прифатено дека тоа е знак на интелегенција. Кога нашиот мозок оценува различни и разумни одговори и намерно одбира еден од нив, овој процес се смета за интелегентен. Jean Piaget има изјавено дека интелегенција е она што го користиме кога не знаеме всушност што да правиме. Или едноставно, суштината на интелегенцијата е донесувањето на одлуки.

За да ја подобрите вашата ментална острина, најдобро е да се вклучите во некоја активност која бара од вас донесување одлуки во дел од секунда. Одличен пример за таква активност е танцувањето.

Ќе ја подобри вашата мускулна меморија
Според голем број на истражувачи, танчерите можат да постигнат голем број на комплексни движења со леснотија, бидејќи пред тоа “поминуваат“ низ сите движења чекор по чекор и го запомнуваат секое движење со некаков знак. Ова всушност го поврзува физичкиот со когнитивниот аспект на танцувањето, па така им овозможува на танчерите полесно да ги запомнат движењата и течно да ги повторуваат.
Ово тип на визуелизација и “маркирање“ на движењата, помага за подобрување на мускулната меморија.

tanc 3

Ќе го забави стареењето и ќе ја подобри вашата меморија
Доктор Кацман, верува дека колку посложени се нашите нервни синапси, толу е тоа подобро. Според него, треба да правиме се што можеме за да развиеме нови нервни патишта, а танцувањето е одличен начин за тоа.

Како што старееме, нашите мозочни ќелии умираат а синапсите стануваат послаби. Именки, како што се имиња на луѓе е потешко да се запомнат, бидејќи има само една нервна патека која води до овие складирани податоци.

Ако се трудите да научите нови работи, како што е танцување, можете да работите на создавање различни ментални траси, и различни патеки. Па така ако една патека се изгуби поради годините, ќе имате пристап до алтернативна патека која можете да ја искористите за да дојдете до посакуваните информации.

Помага против вртоглавици
Дали сте се запрашале некогаш, зашто балерините не добиваат вртоглавица додека прават пируети? Годините тренирање и вежбање, им овозможиле на танчерите да ги потиснат сигналите од органите за рамнотежа во внатрешното уво кои се поврзани со малиот мозок.

Ако патите од вртоглавица, направете време во вашиот распоред за било каква форма на танцување, која ќе ви помогне околу вашиот проблем. Танцувањето ќе ја подобри функцијата на малиот мозок, што ќе ви помогне да ја подобрите вашата рамнотежа и ќе ви помогне против вртоглавицата. Не морате да бидете професионален танчер за да ги почувствувате неговите придобивки, танцувањето на било кое ниво е секогаш добредојдено.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот