5 нешта кои се задолжителни во машката торба за вежбање

0

Вежбањето е тешко само по себе. Треба да најдете време во вашиот распоред, да бидете упорни и да не се откажувате, и да се надевате дека до летото, ќе успеете да ги постигнете саканите резултати, и ќе успеете да ги “прошетате“ по плажата за сите да можат да ги видат.

Но доколку после тренингот не се упатите директно дома, мора да обрнете внимание на некои работи. Масна коса, тело од кое се цеди пот, “миризливи“ пазуви…сето ова може да допринесе да бидете непријатно друштво за луѓето околу вас. Но за ваша среќа има спас. Во прилог можете да прочитате како и најискрено се надеваме дека ќе бидете хумани и ќе пробате да се придржувате до овие правила, бидејќи е во интерес на физичкото и ментално здравје на сите луѓе кои ќе ве сретнат после вашиот тренинг.

Заштита од потење
Понекогаш на нашата кожа и е потребно многу повеќе од ладен туш за да се смири и да се олади од прегревање. Затоа постојат лосиони за тело кои се нанесуваат погодувате веќе каде-на нашето тело, навлегуваат во порите и го стопираат процесот на прекумерно потење.

gym 2

3 во 1
Наместо да носите шампон, купка за тело и регенератор, можете да набавите препарат кој ги содржи сите овие три работи во едно шишенце. Едноставно е и ви заштедува простор. Уште да научите дека се користат после секој тренинг и ќе биде одлично.

Третирајте го правилно вашето лице
После напорен тренинг, на вашето лице му е потребно дополнително внимание. Користет високо-квалитетни влажни марамчиња за да го исчистите во целост. Потоа нанесете крем за лице кој содржи глицерин, за да ја упие влагата од лицето. Така нема да ви застануваат на лицето муви и разни други инсекти кои кога не ви е исчистено, ги потсетува на нивното живеалиште.

gym 3

Не ставајте гел на вашата коса
Ова важи за сите оние вежбачи кои нормално, имаат коса. Они кои немаат можат да ја прескокнат оваа точка, како и втората точка. А за сите оние кои сакаат нивната грива да изгледа добро, нека користат паста која не додава маснотија на вашата коса.

Користете средство против лош мирис од вашите стопала
Напревете си услуга и себе и на сите околу вас и набавете некое вакво средство. Така нема да морате да се правите “наудрени“ и да влегувате со обувки кога одите некаде на гости.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот