5 најлесни странски јазици за учење

0

Знаењето на странски јазици е непроценливо богатство кое е секогаш добредојдено.Но кој вели дека учењето странски јазик треба да биде тешко? Најдобро е да се фокусирате на оние странски јазици кои се најлесни за учење, на тој начин ќе заштедите и време и нерви.
Покрај Англискиот, ова се 5 странски јазици кои ќе ги научите во најбрзо време.

Шпански
Шпанскиот изговор е еден од најлесните во светот. Неговата правописна длабочина е релативно плитка-или во превод повеќето зборови се пишуваат како што се изговараат. Тоа значи дека читањето и пишувањето на Шпански е едноставно.
Со само десет самогласки и без непознати фонеми освен буквата Ñ, ова го прави Шпанскиот јазик можеби и најлесен во споредба со другита на листата.

јазик

Италијански
Италијанскиот е можеби најромантичниот јазик од сите овие. Неговиот речник има латински корења поради кои тој има многу зборови кои имаат исто значење и се слични со оние во Англискиот јазик.
Како и кај Шпанскиот, и кај Италијанскиот повеќето зборови се изговараат како што се пишуваат. Италијанската структура на реченицата е многу ритмична, при што огромен број на зборови завршуваат на самогласки, што му додава музикалност на јазикот при говорењето.

rim

Француски
Добредојдовте кај интернационалниот јазик на љубовта. И покрај тоа што можеби на прв поглед ќе ви изгледа дека немаат допирна точка, лингвистите проценуваат дека Францускиот има извршено влијание на дури една третина од модерниот Англиски јазик.
Но, сепак не е толку лесен. Францускиот изговор е исклучително тежок, со звуци на самогласки и тивки букви на кои најверојатно не сте навикнати.

јазик 3

Португалски
Португалскиот јазик во последно време станува доста значаен странски јазик. Една од добрите страни на овој јазик е тоа што прашалните зборови се изразуваат многу лесно, преку интонација. Ако можете да го кажете тоа што го мислите на Португалски, тогаш сигурно можете и да го преформулирате како прашање.
Единствената потешкотија при изговорот е звукот на самогласките, за кои е потребно малку вежбање.

јазик 4

Хинду
Постојат многу слични зборови помеѓу овој и Англискиот јазик. Хинду јазикот исто така има и превземено многу зборови од Англискиот јазик. Тие се читаат и изговараат исто како на Англиски, само што се пишуваат на Хинду.
Ова значи дека учењето на вокабуларот и изговорот не би требало да претставуваат никаков проблем за повеќето луѓе, но пишувањето е веќе нешто сосема друго. И тука е единствениот проблем.

јазик 5

 

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот