5 начини како да и дадете нов живот на врската

0

Без разлика дали сте во брак или врска, целта на секој романтичен однос е иста: да се одржат љубовта и страста како првиот ден.

Ова можеби звучи како најтешката задача на светот, поради животните ситуации кои постојано ви се испречуваат на патот.

Сепак, со малку обостран труд и волја – ништо не е невозможно.

1. Поздравете го партнерот со бакнеж
Физичкиот контакт е особено важен, а невиниот бакнеж усна на усна за добро утро или добра ноќ е неопходен. Без разлика на тоа дали сте имале лош ден или не сте расположени за ”галење”, бакнежот е одличен начин да се сочува близината помеѓу партнерите.

2. Посветете си една ноќ неделно без присуство на електроника
Живееме во време кога е незамисливо да поминеме еден ден без контакт со телефон, телевизор или интернет. Сепак, постоеле времиња кога ништо од тоа не постоеле и постарите велат дека меѓусебната поврзаност токму тогаш била најсилна.
Тоа ќе ви даде одлична можност да се посветите еден на друг и вистински да комуницирате без ништо друго да ви го одвлече вниманието.

3. Излегувајте почесто
Се сеќавате на времето кога постојано правевте интересни работи заедно и затворањето во четири ѕида ви беше незамисливо? Да, токму во тој период се роди љубовта помеѓу вас и се што правевте заедно беше забавно. Што ве спречува да го повторите тоа? Однесете го партнерот на состанок, макар било најобична прошетка во паркот.

4. Активен сексуален живот
Нормално е сексуалниот живот да се олади со текот на времето, особено ако сте навистина долго заедно. Како браковите, ни долгите врски не се имуни на оваа појава. Сепак, иако страстите оладиле, тоа не значи дека пламенот згаснал. Заборавете ги изговорите и заведете го партнерот. Активниот сексуален живот е особено важен дел од врската/бракот, а физичкиот допир ги зближува луѓето.

5. Не го земајте партнерот здраво за готово
Иако и ова е нормална појава во долгогодишните односи, обрнете внимание на малите нешта. Потсетувајте се себеси зошто го сакате својот партнер и колку тој ве усреќува. Изговорете гласно што чувствувате кон него и колку сте благодарни што го имате во животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар