5 начини да дознаете дали тој/таа ве изневерува

0

Сите ние бар еднаш во животот сме го вложиле срцето и душата во врска која сме мислеле дека вреди. За жал, не е секоја врска и не е секој партнер вреден за тој гест.

Живееме во опшество каде секојдневно слушаме приказни за парови кои се распаднале поради неверство, па сосема е нормално понекогаш да се сомневаме во сопствениот партнер. Можеби имаме право, а можеби не.

Како што знаете, неверството може да биде физичко или емотивно, а понекогаш и двете.

Пред се, важно е да разграничиме со сопствениот ум и да бидеме сигурни дека не е параноја она што направило да се сомневаме дека партнерот не изневерува.

Ви нудиме 5 начини на кои може да дознаете дали вашиот инстикт е оправдан…

1. Проверете го телефонот или компјутерот
Во ова доба на напредна технологија, на луѓето им е олеснат патот со неверството. Сепак, добрата вест е дека тоа исто така го олеснува вашиот пат да го откриете. Иако овој начин е неморален и претставува кршење на нечија приватност, помислете на можноста дека додека вие се обидувате да останете коректни, тој/таа го крши вашето срце.

Имајте во предвид дека искусниот неверник никогаш не остава докази и дека е многу веројатно сите знаци на неверство да се избришани, затоа обрнете поголемо внимание на неговата/нејзината реакција кога ќе се доближите до телефонот/компјутерот.

2. Користете апликација за логирање на телефонот
Сите го носат постојано мобилниот телефон со себе, каде и да одат. Најдете апликација која ќе ви ја овозможи локацијата на телефонот на вашиот партнер, притоа осигурувајќи се дека таа опција е овозможена од неговиот/нејзиниот телефон.

Немојте на ова да гледате како демнење или следење, ова е само начин да го смирите вашиот немир, доколку видите дека тој/таа навистина се наоѓа таму каде што вели дека е. Доколку се покаже дека излажал/а , ќе ви биде мило што сте го сториле ова.

3. Изненадете го
Ако вашиот партнер каже дека е дома, на работа или во кафуле со пријателите, изненадете го. Ако го најдете на наведеното место, неговата/нејзината совест е чиста, ќе видите искрена насмевка на лицето. А доколку не… па, што ви е повеќе потребно ?

4. Проверете ги сите фискални сметки на кои ќе наидете
Ако партнерот ве изневерува, колку и да се обидува да ги сокрие сите докази, голема е веројатноста дека нешто ќе се промакне. Фискалните сметки се одлична трага, бидејќи сите ги занемаруваме и ако не ги фрламе, тие ќе останат расфрлани по џебови, ташни, автомобил и сл.

Обрнете внимание на сметките од хотел, кондоми, долна облека или било каков трошок што ќе ви биде невообичаен.

5. Приватен истражувач
Не, ова не е случај само за на филмовите. Доколку вашата интуиција е толку силна и едноставно чувствувате дека имате право, но докази се она што ви недостасува, тогаш не е никакво зло ако го изведете ова – да најмите приватен истражувач.

Тоа не мора да биде во вистинската смисла на зборот, може да биде пријател, познаник на кој му верувате и кој би се нафатил да го стори тоа за вас. Доволно е да го прашате партнерот каде е, останатото е веќе решен случај.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар