5 мали нешта што ќе ги разберат само оние кои се комуникативни интроверти

0

Сите сме запознаени со поделбата на луѓето како интроверти и екстроверти. Сепак, тешко е сите луѓе да се класифицираат само како интроверти или екстроверти. Постојат личности кои во себе носат дел од двете.

Постојат екстроверти кои се срамежливи, а и интроверти кои се комуникативни и дружељубиви… Верзиите се бескрајни, во што се крие индивидуалноста и уникатноста на личноста.

Доколку се пронаоѓате во следните мали знаци, тогаш вие со сигурност спаѓате во групата комуникативни интроверти.

1. Можете вечно да разговарате за нештата кон кои чувствувате страст
За оние со ”етикета” интроверти, обично се претпоставува дека не им оди лесно интеракцијата со други личности. Тие се познати по тоа што се тивки, но не се сите интроверти такви. Тие се насочени повеќе кон себе и кон својот внатрешен свет, тоа е навистина така, но, комуникативниот интроверт ќе го препознаете кога ќе спомнете нешто што е во негов интерес. Тогаш, можеби и би помислиле дека разговарате со екстроверт бидејќи ќе поминете часови во длабок, интересен разговор.

2. Не сакатe мали разговори
Без разлика за каков интроверт се работи, безначајните, мали разговори ги сметаат за беспотребно трошење на енергија. На многумина им е можеби несфатливо како некои интроверти се способни да разговараат со часови и толку посветено на одредени теми, а понекогаш изгледаат како да не знаат да изговорат еден, едноставен збор. Тоа е така бидејќи кога луѓето разговараат за нешто што ги интересира, ним не им се потребни посебни социјални вештини. Го зборуваат она што го чувствуваат, директно од срцето.

3. Понекогаш имате многу да кажете, но физички не можете
Најдобар пример за оваа појава е кога во работна околина/училиште/факултет се отвора дискусија, а интровертот без разлика колку идеи и мислења има, едноставно не можe да ја кренe раката или да изговори збор. Самата помисла дека сите погледи ќе бидат упатени кон него, му создава паника на интровертот. Комуникативните интроверти секојдневно се борат со оваа состојба, бидејќи сакаат да зборуваат и нивниот став да биде чуен, но нешто одвнатре не им дозволува.

4. Интеракцијата ”еден на еден” за вас е суштинска
Комуникативните интроверти се комплицирани. Сакаат социјална интеракција, но само онаа вистинската. Онаа длабока, значајна конверзација со една личност со која навистина се чувствуваат компатибилно. Тоа ја задоволува нивната потреба за социјална интеракција без да се соочуваат со непријатности.

5. Вие имате свои ”периоди”
Како и секој интроверт, така и комуникативните можат лесно да ја изгубат енергијата поради социјална интеракција во одреден период. Откако некое време ќе поминат во друштво и ќе ја откријат таа своја страна, потоа имаат потреба да се повлечат на одредено време за да ги процесираат сите информации и чувства. Овој нивни механизам им помага да ги наполнат своите батерии за одново да можат да се вклучат во социјалниот свет, но луѓето често погрешно ги разбираат мислејќи дека се лути, изнервирани или навредени. Комуникативните интроверти само се чувствуваат ментално и физички уморни поради интензивната интеракција со луѓето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.