5 мали лаги кои родителите пречесто ги користат, а не би смееле

0

Понекогаш на родителите им е полесно да кажат лага наместо да разговараат со своите деца. Но, таквите лаги често знаат да преминат во неприметна навика.

Ова се најчестите лаги кои ги употребуваат родителите, а не би смееле!

1. Ветувам дека нема да те боли
Оваа лага ја кажал секој родител минимум еднаш во животот и тоа во посета на доктор, кога неговото дете се чувствувало исплашено, плачело и врескало. Затоа за да го смират нивното дете родителите се служат со оваа лага.

Следниот пат кога ќе отидете во посета на доктор со вашето дете, а тоа е уплашено, пробајте да му објасните дека малку ќе го боли, дека ќе биде готово за кратко и дека за брзо време ќе заборави на тоа.

2. Паркот повеќе не работи
Секако дека паркот нема работно време, но навистина нема потреба да му кажувате на вашето дете дека е затворен и дека нема никој таму.

Наместо тоа, објаснете му на детето дека некои обврски се приоритетни и дека едноставно немате време да го однесете во парк. Можеби ќе му биде жал, но ќе сфати дека не може секогаш да биде по негово.

3. Време е за спиење
Време е за спиење! Само е 19.30 часот, а нивното време за во кревет е по 20 часот. Лагата за времето е краткотрајна бидејќи штом тие ќе почнат да го разбираат времето, ќе ве обвинуваат за оваа лага.

Изразете се поинаку, кажете им дека е време за спремање за во кревет и настојувајте да ја применувате оваа рутина секој ден во исто време.

4. Доаѓам за минута
Сите ние ја изговараме често оваа лага и тоа е ретко во рамките на точното време. Нормално дека намерата на родителот е најдобронамерна, но оваа лага е навистина непотребна.

Едноставно кажете му на детето што точно правите и кога ќе бидете готови со тоа, бидејќи постои шанса да потрае повеќе од една минута.

5. Заминувам без тебе
Оваа лага воопшто нема смисла, бидејќи е толку повидна што знаат дека е лага дури и помалите деца.

Наместо тоа, кажете им дека ако не дојдат со вас сега, подоцна нема да го гледаат цртанот или нешто слично налик на ова. Детето сигурно ќе ве послуша бидејќи тогаш вашите зборови ќе имаат тежина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот