5 јога пози што може да ги прават и вашите деца

0

Кој вели дека јогата може да ја практикуваат само возрасните?

Секојдневното практикување на јога ја зголемува виталноста, комплетната состојба и здравјето на организмот, тогаш зошто да не ги научиме и децата на некои едноставни а корисни вежби?

Со вас во продолжение споделуваме 5 одлични, а едноставни јога пози, што децата може лесно да ги изведат, а притоа да се забавуваат и сето тоа да оди во прилог на нивното здравје.

1. Позиција„Дрво“

Пред да ја заземе оваа позиција детето треба да одбере една точка пред себе каде што ќе го фокусира погледот, а со тоа и балансот на телото.
За почеток нека застане во поза „планина“ (исправен ‘рбет, нозете поставени една до друга, рацете покрај тело). Од оваа поза, детето треба да ги подигне рацете во висина на рамењата (како гранки на дрво), и полека да ја подигне едната нога – ставајќи го едното колено странично, наслонувајќи ја петата на другата нога под коленото (или над коленото во зависност од флексибилноста).
Со бавно и правилно дишење, треба да ги подигне рацете над глава и да се опушти во оваа позиција. При излегување од оваа позиција, рацете ги спушта пред градите, ногата доле и истата вежба ја поновува со другата нога.
zenski-magazin-joga-za-decu-1

2. Позиција „Пола месечина“ 

И оваа поза се прави од „планина“ позата. Горниот дел на телото детето треба да го спушти напред, а десната рака да дојде на подот, малку подалеку од десната нога. Левата нога треба да ја подигне, а кога ќе воспостави баланс, полека може да ја подигне и левата рака кон плафонот.
Со бавно дишење, погледот треба да го крене кон рака што е крената. Истата техника нека ја направи и со другата рака и нога.
zenski-magazin-joga-za-decu-23. Позиција „Куче што гледа надолу“ 

Во оваа поза стартува со тоа што ќе се потпре на рацете и колената, а прстите на нозете треба да се допираат. Со вдишување треба да ги подигне колковите, истовремено да ги исправи и да притиска со прстите кон подот. Рацете треба да го допираат подот и да се исправени, а погледот кон колената.
zenski-magazin-joga-za-decu-34. Позиција „Корпа“

За оваа поза детето нека легне на подот, на стомак. Рацете нека ги постави покрај тело, со дланките свртени кон таванот. Колената потребно е да се свиткани, за со рацете да може да ги опфати двете стапала- или делот кај глуждовите. Петите потребно е да бидат поставени колку што може повисоко, а исто така градите и бутовите- сето ова со правилно дишење.
zenski-magazin-joga-za-decu-975. Позиција  „Дете“

Оваа поза за детето со сигурност ќе биде една од омилените бидејќи е лесна и најмногу опушта. Потребно е детето да се спушти на колена и да му се допираат палците на нозете. Може да седне на пети, а потоа градите треба да ги спушти нанапред, допирајќи ги бутовите или подот.
Рацете може да останат покрај телото или над главата.
zenski-magazin-joga-za-decu-98Сега уживајте заедно во практикувањето јога со вашетo дете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.