5 идеални цвеќиња за украсување на вашиот балкон

0

Овие цвеќиња се идеални за одгледување на балкон, ако тој постојано е изложен на сончеви зраци…

Секој балкон е убав и весел кога ќе го збогатиме со различни цвеќиња, но би требало точно да знаеме кои цвеќиња одговараат за растење во саксии и секако колку светлина им е потребно.
Една од основните работи за чување цвеќе на балкон е одредување на страната на која се наоѓа балконот, односно дали постојано е на сонце или пак сенка.

Ако е на југ, одберете цвеќиња кои ја сакаат сончевата светлина, а ако е кон исток или запад, тогаш засадете цвеќе на кои повеќе му одговара сенка и ладовина.

Ако вашиот балкон секогаш е на сонце, разубавете го со засадување на следните цвеќиња:

1. Петунија
petunija
Ова цвеќе на многумина им е омилено балконско цвеќе. Ако сакате петунијата да е богата со цветови, тогаш еднаш неделно додавајте и течно ѓубриво богато со железо.
Петунијата цвета уште во раните денови на летото, а редовно треба да се отстрануваат цветовите кои се исушиле за да се зголеми цветањето.

2. Гераниум (пеларгониум сардела)
Geranium-Calliope-Dark-Red-Web-21__1469863024_77.29.222.226
Од ова цвеќе постојат вкупно 400 видови, а кај нас е доста популарно како балконско цвеќе. Во топлите месеци пеларгониумите се наводнуваат редовно и се чуваат на светло – соодветни се и за источните и западни страни. За време на зимскиот период овие цвеќиња се во мирување, а во пролет цветаат. Ако во зимскиот период го чувате внатре, пупките сепак нема да бидат исти како првата година на цветањето.

3. Пустинска роза
hortikultura.mk_pustinska_roza_4
Оваа роза е карактеристична по дебелото стебло и листови. Бојата на цветот и е светло розев, а во средината е уште посветла. Не е потребно да ја наѓубрувате ниту пак да и додавате хранливи средства. Доколку сметате дека има потреба за тоа, нека биде само неколку пати за време на летниот период.

4. Бела рада
10788759Ова цвеќе може да живее со години. Белата рада расте во облик на грумушка со повеќе цвеќиња и не поголеми од 5 цм, бели, со жолта средина. Стеблото е долго и текно.
Листовите се темнозелени, а горните листови се пократки и растат по должината на стеблото.

5. Вербена
floks
Овој весел цвет кој рате во форма на грмушка може да се најде во црвена, виолетова и сина, жолта или бела боја, со зелени тврди листови кои при допир со рака може да почувстувате мало пецакње. Растението достигнува 30 цм висина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар