5 флеки кои најтешко се отстрануваат од автомобилот

0

Флеките во автомобилот се ноќна мора за секој возач бидејќи потешко се отстрануваат. Често се прават во текот на возењето, посебно ако има деца во возилото кои сакаат да јадат за време на патот.

Но, не е страшно се додека има начин да се среди. Наместо да го носите на хемиско чистење автомобилот, можете вие да ја санирате штетата.

Млеко – чистете го со студена или млака вода. Натопете ја крпата со што повеќе вода и чистете на флеката интензивно. Ако и понатаму не излегува, пробајте со средство за чисење флеки. Следете ги упатствата од пакувањето и обавезно потоа измијте ја флеката со чиста и влажна крпа.. Ако флеката веќе добила кисел мирис, ставете сода бикарбона и нека отстои неколку часа. Потоа исчистете со правосмукалка.

Чоколадо – исчистете ја флеката пред да се стврдне. Ако веќе се исушила, во тој случај вишокот чоколадо отстранете го со тап предмет соберете ги остатоците. Потоа на флеката ставете малку обичен детергент и полека тријте додека не излезе. Потоа исперете со тапкање со помош на влажна крпа.

Јогурт – Отстранете ги закоравените остатоци. Измешајте малку детергент со топла вода и чиста крпа за да ја отстраните флеката. Потоа, повторно како примерот погоре, исперете со влажна крпа со тапкање. Флеките би требало да излезат веднаш со влажна крпа

Чипс, пуканки, кекс и мафини – прво исчистете ги трошките со метла или правосмукалка. Оваа храна може да остави мрсни флеки. Ако флеката е свежа може да ја средите со обична кујнска хартија со натапкување за да се впие вишокот мрснотија. Потоа ставете индустриски алкохол и оставете флеката да го впие и да испари алкохолот. Потоа, третирајте со детергент и исперете со влажна крпа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.