5 европски градови кои ќе забранат движење со автомобил во центарот на градот

0

Овие пет градови во следните неколку години ќе забранат влез на автомобили во центарот на градот и ќе ги прошират пешаќките зони.

Париз
Кога во 2015 година нивото на загаденост на воздухот достигна алармантен степен, градоначалничката на Париз го воведе правилото на парни и непарни денови, односно 50% од автомобилите смеат да возат само во парни а другата половина само во непарни денови. Охрабрена од позитивните резултати, градоначалничката на Париз постави за цел до 2020 година трајно да се забрани влез на автомобили во широкото централно подрачје.

pariz

Хамбург
Хамбург гради “зелена мрежа“ која велосипедските и пешачките патеки ќе ги поврзе со градските паркови, а на автомобилите ќе им биде ограничено движењето низ широкиот центарски дел. Ова е дел од програма со која Хамбург планира да ја намали емисијата на штетни гасови до 80% до 2050 година.

hamburg-alster-hotel-st-georg

Копенхаген
Копенхаген има уште по амбициозен план-до 2025 година да стане јаглеродно-неутрален град. Добра стартна позиција Копенхаген има фатено уште во 1960 година, кога градските власти почнале да ги прошируваат пешачките зони и да ги намалуваат патиштата кои поминуваат низ централното градско подрачје. Денес Копенхаген има 320 километри велосипедски патеки, а се планира развој на нови велосипедски патеки кои би ги поврзале предградијата со центарот на градот.

Мадрид
Мадрид планира да ги прошири постоечките велосипедски и пешачки патеки во центарот на градот. На возачите кои живеат во центарот им е дозволено, додека сите останати мораат да платат парична казна за недозволен влез со автомобил во центарот. Покрај тоа, старите автомобили кои се поголеми загадувачи, плаќаат поскапо за паркинг. Градот планира во наредните 5 години, центарот на градот во целост да се ослободи од автомобили, и да се претвори во пешачка зона.

madrid 2

Милано
Милано има посебен систем кој ги прати сите регистрирани автомобили и ги наградува со бесплатна карта за јавен превоз граѓаните кои одлучиле тој ден да го остават своето возило паркирано и да користат јавен превоз.

milano

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.