40 работи кои треба да ги направите пред да наполните 50 години

0

Секој од нас има само еден живот. Многумина за жал, не успеваат да ги остварат своите цели и желби за времетраењето на својот живот. Ако претпоставиме дека посакуваниот животен век е 100 години, тогаш може да се каже дека 50 години е критична возраст, бидејќи се наоѓаме на половина пат, ако сме доволно среќни да ја доживееме стотата. Па затоа секој од нас треба да го прави она што го прави среќен и исполнет.
Ова се 40 работи кои вреди да се пробаат пред 50.

50 1

1. Отидете да го слушате вашиот омилен бенд.
2. Простете на некого од вашето минато. Да се чува лутина и горчина во себе е исто како да купите отров и да го испиете. Затоа простете, па и да не добиете ништо од тоа.
3. Престанете да се дружите со негативни луѓе. Тие нема никогаш да се променат а на вас не ви е потребна таква негативност.
4. Отидете на одмор со вашите најдобри пријатели. Па макар и да е само една вечер, ќе си поминете забавно и незаборавно.
5. Бидете сами еден дел од денот. Можете да го поминете денот како што сакате, но на крајот од денот ќе уживате да бидете сами.
6. Простете им на вашите родители за некои грешки што ги направиле додека ве одгледувале. Никој не е совршен, и сите грешат.
7. Закажете си масажа после напорен ден. Ја заслужувате.
8. Купете кафе или ручек на некого на кого му е тоа потребно. Обојцата ќе се чувствувате одлично.
9. Прочитајте ги книгите за кои сите говорат.
10. Отидете на оброк сами. Облечете ја вашата омилена гардероба, нарачајте го вашето омилено јадење и заминете кога ќе бидете подготвени.
11. Волонтирајте за добра цел, која ви е блиска до вашето срце.
12. Гледајте го вашиот омилен филм повторно.
13. Завршете една физичка задача, истрчајте маратон или направете 20 склекови.
14. Напуштете ја својата работа ако ја мразите.
15. Создадете нешто “од нула“. Прекрасно е чувството кога знаете дека сте создале нешто и дека е тоа ваше дело.
16. Научете странски јазик. Ќе ви помогне при патувањата и ќе ви го прошири видикот.
17. Пронајдете фраза или цитат кој ви се допаѓа најмногу, и нека ви биде мото. И спомнувајте си го секогаш кога ќе бидете нервозни или под стрес.
18. Гледајте го сонцето како заоѓа. Можеби е клише, но навистина е прекрасно и инспиративно.
19. Победете го стравот кој ве прати цел живот. Стравот само ве држи назад и ве забавува.
20. Купете си нешто што ви се допаѓа. Во ред е од време на време, да си купите скапи обувки или нешто друго, секој заслужува да има нешто што го прави среќен.

50 2
21. Пратете им цвеќе на вашите родители и кажете им дека ги сакате.
22. Напишете писмо до вашиот партнер или до вашите деца, во кое ќе им кажете колку ги сакате. Секој заслужува да се чувствува сакано понекогаш.
23. Потрудете се да ви се допадне нешто према кое имате аверзија. Како на пример некоја музика или врста на јадење. Можда да откриете дека сепак ви се допаѓа.
24. Засадете, и одгледајте барем една билка.
25. Посетете ги сите историски знаменитости на вашта земја. Ќе ви помогне да научите повеќе работи за вашата земја, и ќе бидете инспирирани од обавите работи кои ќе ги видите.
26. Аплицирајте за вашата работа од соништата. Никогаш не можете да знаете што ќе се случи.
27. Бидете некому ментор. Може тоа да биде колега, пријател, член на фамилија-секогаш има луѓе на кои им е потребна помош и совет.
28. Пробајте да издржите цела недела без технологија. Ќе уживате во навистина мирна и опуштена недела.
29. Направете нешто за што можете да зажалите подоцна. Понекогаш најдобрите работи се случуваат кога превземаме ризици.
30. Поминете една вечер кампувајќи под отворено небо.
31. Започнете свој бизнис.
32. Живејте некаде, каде е тотално различно од вашиот роден град. Ова ќе ги прошири вашите хоризонти.
33. Откажете се од некоја лоша навика која ја имате, како што се цигарите или прекумерното јадење.
34. Испратете меил на вашиот идол за да му кажете колку ја цените неговата работа. Дури и да не го прочита никогаш, ќе се чувствувате подобро ако го напишете.
35. Направете “будала“ од себе, без притоа да се засрамите.
36. Отидете некаде сами на пикник. Ќе научите сами да уживате.
37. Читајте шеги и смејте се додека не ве заболат ребрата.
38. Врамете ги вашите омилени фотографии, и распоредете ги низ вашиот дом.
39. Научете нешто што не ве интересирало порано.
40. Простете си себеси, за она за што жалите што сте го направиле.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот