4 работи кои е добро да ги купите веќе користени

0

Некои работи изгледаат многу подобро со текот на годините. Ова се однесува и на облеката која ја носите, меѓу другото.

Њујоршкиот стилист од Менхетен, Сет Хауард вели дека постојат 4 парчиња облека кои мажите е подобро да ги купат “second hand”.

Чизми

Ако биле направени пред 30 години, во тој случај се направени да траат многу подолго од денешните. Барајте го тој квалитет. Кај нас нема винтиџ продавници, но секогаш можете да ги нарачете он-лајн од странство.

Деним јакна

Зошто да ја преплаќате кај брендирани имиња кои се обидуваат да го добијат истиот ефект во производство, кога можете да ја купите по пониска цена, со посакуваната боја и дизајн. Размислете за оваа варијанта.

Кожена јакна

Ова парче облека морате да го пробате прво. Секоја кожена јакна се моделира на сопственикот, односно на формата на неговото тело. Може да изгледа добро на закачалка, но на вас да го нема тој ефект. Откако ќе ја пробате, проверете во каква состојба е, а потоа одлучете се за купување.

Винтиџ часовник

Ова е нешто што мора да го поседувате без разлика на се. Ова е чиста класика која ќе му даде максимален печат на вашиот стил. Внимавате кога нарачувате он-лајн на измамници кои тврдат дека часовникот е винтиџ, а тоа всушност е евтина копија на посакуваниот моден додаток.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот