4 причини зошто нарцисите не можат да имаат длабоки, интимни врски

0

Што е нарцисоидност?

Нарцисоидно растројство на личноста (НПД) е дефинирано како силно чувство на “грандиозност, недостаток на емпатија за другите луѓе и потреба за восхит”. Луѓето со дијагноза НПД често се дефинираат како арогантни, манипулативни, фокусирани само на себеси и бараат премногу од другите.

Нарцисоидните луѓе чувствуваат одредено ниво на моќ или супериорност над луѓето. Тие комуницираат само со оние за кои сметаат дека се талентирани или уникатни.

Интересно е што тие шират  аура  на луѓе со екстремна самодоверба – особина која всушност ги привлекува другите кон нив. Сепак, оваа проекција е често илузија.

Тие всушност се прилично кревки луѓе, а самодоврбата со која зрачат е нивна маска, која ја користат за да се чувствуваат задоволно со себеси.

Она што ги прави овие луѓе ”штетни” е нивната тенденција да ги искористат предностите,  ја гледаат љубезноста на личноста покрај нив како чин на слабост – како да се бела ајкула која намирисала крв во водата.

Кога еден нарцис е во љубовна врска, тој всушност не може целосно и вистински да и се посвети, односно не сака.

Еве зошто е тоа така…

  1. Не веруваат никому
    Во длабока и интимна врска, партнерите природно стануваат ранливи, а ранливоста бара доверба. Нарцистите, иако емоционално заостанати, можат да бидат толку интелигентни колку и нивните партнери.
    Како такви, тие логично го сфаќаат односот помеѓу довербата и ранливоста. Затоа, тие нема да се посветат вистински на врската, бидејќи не веруваат никому. Свесни дека без тоа врската нема да опстане, тие глумат.Слабоста, ранливоста и довербата не се препознатливи за нарцистичкиот мозок.
  1. Тие се склони кон насилно однесување

Наодите од истражувањето на државниот универзитет во Кент тврдат дека “гневот, непријателството и краткиот филтер што го придружуваат нарцисмот имаат тенденција да бидат насочени директно кон партнерката”, додавајќи дека “нарцисоидните мажи исто така имаат поголема веројатност да извршат семејно насилство поради нивната егоцентричност и недостатокот на емпатија.”

Додека во фокусот на оваа студија е стапката на злоупотреба од страна на машки нарциси, жените исто така извршуваат дела на семејно насилство, иако со многу пониска стапка (25%).

Важно е да се запамети дека повеќето мажи (и жени) кои ги злоупотребуваат своите партнери не се нарциси. Сепак, шансите за извршување на злоупотреба – физичка, психолошка или вербална – се повисоки кога сте во врска со нарцис.

  1. Во нивниот речник не постои „ние“

Кога човек не е способен да сочувствува со друго човечко битие, тој мисли на себе и само на себе. Без сочувство, тоа лице останува повеќе или помалку спакувано во пластика, недопрено од емоциите или маките на другите.

Емпатијата е предуслов (како што е ранливоста и довербата) во една здрава, длабока врска. Повеќето експерименти што ја проучувале корелацијата на нарцисоидноста и врската, покажале дека нарцисите се неспособни да гледаат на врската во множина, бидејќи не се способни за емпатија.

  1. Тие самите го гледаат тоа како невозможно

Во сфаќањата на нарцисот, врската никогаш нема да има вистинска љубов и никогаш нема да тече мазно и глатко. Тргнувајќи од тоа – врската навистина никогаш нема да го достигне тоа ниво.

Некој може да верува дека тие се наоѓаат на “вистинскиот пат” на вистинската љубов, без оглед на очигледните и нескриени прикажувања на нарцизоидна манипулација, недоверба, злоупотреба и надмоќ. Но, се додека таа личност сама не верува во тоа, тогаш се е залудно.

 

Авторот напоменува:
Менталната болест никогаш не е делона жртвата. Меѓутоа, препознавањето на болеста и барањето помош е. Оваа фундаментална вистина е дел од она што го прави нарцизмот неверојатно загаден и фрустрирачки.

Анксиозност, депресија, опсесивно-компулсивно нарушување и други проблеми со менталното здравје, ако не се лекуваат, се најмалку контролирани. Нарцисоидните луѓе немаат такви (опипливи) опции – без оглед на нивната подготвеност или неподготвеност да побараат помош. Повеќето истражувања укажуваат на второто.

Извор: powerofpositivity.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.