4 култни филмови кои треба да ги погледнете заедно со Вашата мајка

0

Не постои добар главен лик без одличен спореден лик – како во филмовите така и во животот. Во нашиот случај ние сме добри главни ликови додека пак нашите мајки ја одиграле животната улога која нас не изградила во она што сме денес. Тие никогаш не се ставаат себе на прво место, а еве 4 филмови во кои мајките се главни, но и споредни ликови.

Направете пуканки, сместете се во каучот и погледнете некој од овие филмови во придружба на Вашата мајка:

  1. Steel Magnolias

Како што кажува и самиот наслов, жените се нежни како магнолии, но и јаки како челик. Sally Field глуми мајка на Julia Roberts која се бори од многу тешка болест. Филм кој ќе ве расплаче, но и ќе ве насмее

2. Stepmom

Susan Sarandon глуми мајка на нејзините две деца додека Julia е нивната маќеа. Односите се испреплетени, тие две никако не можат да се согласат…

  1. Mamma Mia!

Станува збор за забавен мјузикал со песни од популарната група ABBA во кој Meryl Streep ја игра улогата на мајка. Интересно е што нејзината ќерка за свадбата се одлучува да покани тројца многу посебни гости, за кои не е сигурна кој од нив е нејзиниот татко.

  1. The sound of Music

Класичен мјузикал во кој Julie Andrews не е биолошка мајка, но нејзината добрина и трпение се за восхит и одлика на вистинските мајки. Овој класичен филм е непогрешлив избор, а вашата мајка ситурно би уживала во него.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.