30 лекции за 30 години живот

0

Имам триесет години. Не се плашам да ги кажам своите години. Горда сум на нив. Ги сакам. Ме научија на многу важни лекции, лекции кои ги нема во ниту еден учебник. Едноставно, животот, понекогаш на суров начин ти ги предава тие лекции. Што научив за триесет години постоење?

Среќата не е некаде околу, туку во мене. Ако не ја најдам среќата длабоко во мене, нема да ја најдам на ниту едно друго место.

Научив да бидам благодарна. За оние нешта кои насушно ми се потребни, ги имам, а не ги забележувам. Како на пример, одличното здравјекровот над глава, храната која ја имам во фрижидерот. Некој го нема тоа.

Сфатив дека моето детство било грдо, исполнето со солзи. Но, ете помина. Во животот сè поминува.

Перцепцијата менува многу. И сивиот ден може да биде розов, само ако јас сакам така.

Не можам да ги направам сите среќни. И тоа прекина да ми биде цел. Обидот да ги направиш сите среќни и задоволни може да те полуди.

Партнерот покрај мене е моето огледало. Огледало на моите избори и одлуки.

Научив дека роднините не можеш да ги одбираш, но можеш да имаш пријатели кои и во 4 после полноќ ќе се појават на твојата врата ако ти треба било што.

Сфатив дека не смеам да му верувам на секому и дека треба да бидам претпазлива кога на некому му кажувам тајна.

Научив дека искомплексираните луѓе секогаш ќе се обидуваат да те повредат. Но, не треба да им придаваш значење.

Сфатив дека на никому не треба да ги објаснувам моите постапки, ставови и размислувања.

За триесет години живот научив дека успехот не доаѓа на врата, туку треба да излезеш надвор и да го бркаш по навистина трнлив пат.

Дознав дека вистинска љубов се случува.

Научив дека маж кој не сака да те држи за рака додека шетате, не е за тебе.

Сфатив дека врските не можат да функционираат само ако сексот е добар. Треба да има љубов, доверба и компромис.

Не може да се достигне совршенството. Никогаш. Тоа е залудно потрошено време и енергија.

Научив дека простувањето е важно за да имам спокој во душата, а не за да му помогнам на оној кој ме повредил.

Научив дека треба да ја слушам интуицијата. Секогаш.

Сфатив дека Марфи се појавува баш кога не треба. Ама, некако го засакав. Сега, дури ми е чудно кога нема да се појави.

Научив дека луѓето не треба да ги делиме на богати или сиромашни, туку едноставно на добри или лоши. Добрите си ги чувам, од лошите бегам!

Дознав дека соништата се исполнуваат и дека човек е навистина жив се додека сонува за големи и важни работи.

Сфатив дека мора да споделувам со оние кои имаат помалку, оти не секој се родил под среќна ѕвезда.

Научив да кажам „не“! И не ми е гајле ако некој преврти очи поради тоа.

Сфатив дека е важно да најдеш добар фризер, стоматолог и адвокат.

И дека редовните посети на матичните лекари се од огромна важност за моето тело.

Научиив дека треба да ги избегнувам луѓето кои во последните две години немаат прочитано ниту една книга.

Сфатив дека стравот од одредено нешто само прави да пораснеме посилни.

Сфатив дека мора саканите луѓе да ги гушкаме премногу, оти еден ден и тоа премногу ќе биде малку.

Научив дека некогаш, некој ќе се замине од твојот живот кога најмалку очекуваш. И тоа е во ред.

Но, научив и дека кога воопшто не очекуваш ќе се поајви некој со кој прегратките ќе траат цела вечност.

И научив дека мора силно да љубиш, за силно да те љубат!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот