30 генијални изреки на нашите мајки

0

Без разлика каде сме родени, овие фрази со сигурност ви се познати.

Во детството ни пречеа, не навредуваа и често поради нив знаевме и да се намуртиме но, сега кога сме возрасни и имаме и свои деца, ние знаеме дека тоа било одраз на мајчинската љубов и грижа. Сега и самите ги повторуваме бидејќи тоа се изреки кои се пренесуваат од колено на колено. Тоа се оние реченици кои сме ги слушнале безброј пати, а сега ни се симпатични и смешни, најмногу заради тоа што и самите им ги кажуваме на нашите деца.

Дали се сеќавате на овие фрази:

Кој кого родил, јас тебе или ти мене?

Ќе разбереш кога ќе пораснеш.

Облечи ги влечките, ќе настинеш!

Намести ја блузата, ќе ти настинат бубрезите!

Сто пати ти кажав, не се нишај на столицата, ќе паднеш!

Барај го таму каде што си го оставил.

Јас завршив училиште пред 20 години и сеуште ја памтам таблицата множење.

Јас на твои години…

Не ме интересираат другите деца, само ти!

Како можеше Марија да добие 5ка?

Затоа што јас така велам, ете затоа!

Гледај ме додека ти зборувам!

Дали ти гледаш колку е часот?

Ќе ти кажам јас на тебе кога ќе дојдеш дома!

Затвори ја вратата, не си роден во чамец.

Ист си како татко ти…

Ќе разбереш кога ќе имаш и ти свои деца.

Еден ден и ти ќе имаш деца, па ќе видиш!

Додека јас ти купувам така ќе се облекуваш. Ако сакаш да бидеш модерен, заработи свои пари!

Да не сум те слушнала да кажеш „не сакам“!

Твојата единствена обврска е да учиш.

Намали го звукот. Немој јас да ти дојдам!

Внимавај како разговараш со мене!

Памет во глава!

Ќе се сетиш ти на моите зборови.

Имаш ли ти дом?

Додека си под мојот покрив…

Да се нацрташ за секунда пред мене…

Има да го јадеш ручекот и уште ќе бараш!

ЗАРАБОТИ ПА ТРОШИ!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.