3 типови на вработени кои први добиваат отказ

0

Иако на вработените не им е лесно, ни на работодавците не им е нешто подобро. Времето е ограничено, а во тешките работни услови, тимот би требало да го составуваат способни професионалци. Без оглед на ресурсите, тимот е сила, мозок и срце на секоја работа, а оние кои само го трошат времето и штетат на фирмата и нејзиниот успех.

Иако секое работно опкружување има вработени на кои продуктивноста не им е секогаш на посакувано ниво, овие три типа на вработени најмногу и штетат на фирмата:

1. Кралица на драмите
Ако вашето работно опкружување нема ваква личност – бидете среќни. За жал, постои ваков тип на вработен, кој штети многу повеќе од ниската продуктивност. Овие луѓе најчесто имаат негативен став, кој најчесто е заразен.

Ова доаѓа до израз кога кралицата на драмите го свртува вниманието на раководството на фирмата, предизвикувајќи генерална ненаклонетост за менаџмент која води повторно до поголеми проблеми во организацијата.

2. Жртва
Една од најтешките работи кај менаџирањето вработени е да знаеете како да се справите со оние кои глумат жртви. Тие луѓе ги избегнуваат последиците од сопствените дела и најчесто ги обвинуваат другите за лошиот резултат.
Секогаш имаат изговор, а нивните константни жалби се видливи и за соработниците, на кои нормално, не им се допаѓа.

Меѓу ваквите вработени, често има и такви кои се однесуваат како да се постојано болни од нешто. Глума или не – е главното прашање. Тоа понатаму води до делот кога „жртвата“ отсуствува од работа, а соработниците се огорчени бидејќи мораат да ги покријат. За да се избегнат лошите работи, би требало да се води листа на отсуства, каде за отсуство д неколку дена по ред е потребна лекарска потврда.

3. „Контрирач“
Бунтовник без причина е оној кој обично ги крши правилата, од наједноставни до најкомплицирани. Ако постои правник за облекување на работното место кој забранува маици со слогани, овој тип ќе го облече токму тоа.

Ако постои процедура како нешто треба да се направи, ќе работи спротивно – секој пат. Не дека тие тоа го прават со таква намера, или бар не е свесно. Причината е дека не слушаат и мислат дека се знаат подобро. Некои тоа го прават бидејќи сакаат да се разликуваат и да работат по свое. Често нивното отстапување може да наштети на работењето на фирмата.

Она што прво треба да се направи е да се види дали воопшто може да се работи со ваква личност. Често бунтовниците се независни мислители кои сакаат да направат нешто поинакво за светот, наместо слепо да ги пратат туѓите правила.

Постојат различни типови бунтовници, но најлош е оној кој превзема улога на лидер, бидејќи таков лидер може да ги избрка и најдобрите вработени.

Меѓутоа, без разлика дали се работи за „контрирач“ во позитивна или негативна смисла, тоа се одразува на моралот на останатите вработени кои ќе се запрашаат зошто некој мора да ги следи и почитува правилата, а некој не.

Затоа правилата на компаниите треба да биде иста за сите, без разлика дали е тоа правило на облекување или број на часови поминати на работа.

Извор: bizlife.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.