3 работи кои треба да ги направите за време на продолжен викенд

0

Кога доаѓа викенд сите однапред правиме планови каде ќе прошетаме, дека ќе одвоиме време за себе и ќе наполниме батерии за наредната недела и обврските кои не чекаат. Сепак, викендот брзо поминува и многу од тие планови ги одложуваме за следниот пат.

Искористете го продолжениот викенд на вистински начин. Прашината на полиците и расфрланите предмети по домот нема никаде да заминат.

Хотел Влахо ви предлага да ги направите следните нешта и да уживате во слободните денови…

Одете на ручек/вечера надвор од домот
Излезете од комфорноста на својотдом и истражете го градот кој во овој период од годината е обоен во новогодишна магија. Посетете ги рестораните кои ви се во близина, бидете помеѓу луѓе и пробајте некој нов специјалитет.

Верувајте, дома ќе вратите широка насмевка на своето лице и нови спомени со вашите најблиски.

 

Гледајте филм
Направете си домашно кино. Исклучете ги сите светла, освен оние на новогодишната елка и исполнете го домот со мирис на свежо направени, топли пуканки. Два часа отпатувајте во друг свет, соживејте се со приказната на екранот.

 

Играјте друштвени игри
Дали паметите кога последен пат сте играле монопол или игра со карти со вашите пријатели или семејство? Викендите се одлична можност за да се забавувате во домашна атмосфера, на поинаков начин.

Исполнете ја масата со колачиња, пијалаци, друштвени игри и гласна смеа. Чуството на крајот од денот ќе биде незаменливо.

*Доколку сакате нешто ново, создадете своја уникатна игра. Се што ви е потребно е празен лист, пенкало и малку имагинација.

www.hotelvlaho.com / instagram: @hotelvlaho

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар