3 причини зошто силните личности веруваат во карма

0

Секој од нас, во некој период од животот бил повреден, без разлика дали пријателот не бил чесен кон нас или поранешниот партнер ни предизвикал многу болка и тага.

Повеќето луѓе би ја почувствувале потребата да се одмаздат на лицето што им наштетило или на некој начин ги повредило.

Но, секогаш подобрата опција е да дозволите кармата да ја завшри својата работа. Кармата е интензивна сила во универзумот, а силните луѓе и дозволуваат на кармата да ја направи ”валканата” работа наместо нив.

Во прилог, погледнете ги 3те главни причини зошто силните личности веруваат во карма:

1. Одмаздата не е убаво чувство
Одмаздувањето може да ви пружи утеха и пријатно чувство во моментот, но тоа чувство не трае. Махатма Ганди еднаш рекол: “Окото за око само завршува со тоа што целиот свет е слеп”. Тоа е навистина така.

Во првиот момент би се почувствувале одлично, но тоа нема да ја намали вашата болка од претходно. Всушност, силните луѓе најчесто се подлабоко емотивни од останатите и одмаздата нема да го занемари чувството на емпатија. Затоа, кога силните личности се одмаздуваат, тие само се чувствуваат полошо.


2. Не можете да се соочите со сите

Ако бараме одмазда за секоја личност што некогаш не повредила, веројатно ќе го поминеме најголемиот дел од времето далеку од нашата среќа.

Силната личност знае кога треба да ги пушти нештата да се одвиваат по својот природен тек, иако на почеток тоа може да биде фрустрирачки. Таа личност знае дека кармата навистина постои и таа ќе го најде својот пат до оние кои им згрешиле.

Всушност, тие не би сакале да возвратат со зло бидејќи знаат дека истата карма и нив би ги стигнала.

Поврзана содржина: Карма – Човекот страда единствено кога самиот создал услови за страдање

3. Најдобрата одмазда е успехот
Кога најпосле ќе успеете и ќе стигнете до целта, ништо повеќе нема да ги изнервира оние што се обиделе да ве спречат токму во тоа. Вие можете да бидете нивната карма, со тоа што ќе се посветите на себеси и ќе бидете среќни. Има ли подобра одмазда од тоа?

Запомнете: Иако можеби некои од вас не веруваат во карма, тоа е во ред. Сепак, помислата дека кармата постои и дека таа ќе ”возврати” за сите неправди нанесени врз вас, е одличен начин да се насочите кон убавите работи во вашиот живот, оставајќи ги лошите искуства зад вас.

Секогаш ќе постојат луѓе кои намерно или ненамерно ќе ве повредат и ќе ви наштетат, но вие не можете да ги контролирате. Она врз кое можете да влијаете е вашиот спокој и сопствената среќа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.