3 предлог дестинации за викенд во природа

0

Работната недела заврши и време е за одмор. Сепак, викендот не е доволно долг за да отпатуваме некаде надвор од државата, а воедно и да се одмориме.

Ако живеете во град и сакате да поминете викенд далеку од градскиот хаос и бучава, да вдишете свеж воздух во природа и воедно да видите дел од убавините кои Македонија ги крие, Хотел Влахо ви предлага три дестинации за овој викенд.

Тресонче
Тресонче е село во Општина Маврово-Ростуше, во рамките на малореканскиот крај. Селото се наоѓа на Тресонечка Река, која извира во близина на селото.
До селото Тресонче води асфалтен пат кој се двои од месноста Бошков Мост од регионалниот пат Дебар — Маврово и продолжува по текот на Мала Река. Патот до селото Тресонче се двои од овој пат и освен до него, води и до селата Росоки и Селце. Се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река.

Пониква, Осоговски планини
Туристичкиот зимски центар Пониква, кој е подеднакво прекрасен во есен како и во зима, се наоѓа на 20 километри оддалеченост од градот Кочани, на 1 560 метри надморска височина.
Покрај тоа што Пониква ви нуди чист, свеж и пријатен воздух, таму ќе добиете можност за лов на елени, срни и други животни, а љубителите на природата може да се задоволат со изобилстото на билки, печурки и слично.
За сите гурмани, локалните специјалитети се осоговски ќебаб од чисто месо, специјалитети од ној и месо во тава, исто така да не го заборавиме десертот, баклава и тиква подготвена на посебен начин за прекрасен крај на денот.

Богомила
Селото се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, близу до градот Велес. Богомила има историски дух, крие стари градби, кои ќе направат да се почувствувате како да сте се вратиле во минатото. Ова село е родното место на револуционерот Петар Поп Арсов, податок што исто така внесува историски елемент.
Селото е сместено на надморска височина од 510 метри, на оддалеченост од 46 километри од градот Велес, а 48 километри е оддалечен од градот Прилеп.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар