20 години од најголемиот скандал во Белата куќа – аферата Левински

0

Оваа година се навршуваат 20 години од аферата Левински. Само за потсетување, тогаш 24 годишната Моника Левински наводно беше во врска со тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Како почнува приказната?

Левински во 1995 година била приправничка во Белата куќа. Тоа е периодот кога започнала романсата со Бил Клинтон. Деталите станаа јавни во 1998 година на интернет страницата Drudge Report, благодарение на Линди Трип, пријателка на Моника Левински. Откако Моника во доверба ќе и каже за случката на својата пријателка, која пак го снимила разговорот, скандалот добива светски размери.

На снимениот разговор таа вели дека немале сексуални односи со Клинтон. Но, откако на Левински и бил понуден имунитет во замена за сведочење, приказната се менува. Таа признава дека му била љубовница на Клинтон две години, дека имале интимни односи буквално во секој агол од Белата куќа.  Се случувало да бидат заедно дури и кога Хилари била во соседната соба.

Вистината за тоа што го зборува, ја докажува со добро познатиот син фустан каде има траги од семената течност на Бил Клинтон. Тој го признава тоа, а приказната уште повеќе се вжештува. Покрај сè, него го ослободуваат од обвинувањата и останува на претседателската позиција до крајот на мандатот.

„Мојот шеф ме искористуваше…

Иако и пред неколку години го напишав ова: Секако дека ме искористуваше, но сепак ќе останам сигурна во едно нешто – тоа беше обостран однос. Злоупотребата почна дури кога подоцна станав жртвено јагне за да ја заштитам неговата позиција. Сега гледам колку е тоа комплицирано да се објасни. Дури сега, кога имам 44 години, ја сфаќам разликата помеѓу мене и него. Јас приправничка, а тој најмоќниот човек во Америка. Јас имав само 24 години и не можев да замислам какво влијание може да има мојата постапка. Тој беше на врвот на неговата кариера, а мене ми беше прва работа по завршувањето на факултетот. Поминаа 20 години од настанот кој можеше да стави крај на претседателската кариера на Клинтон. Настан кој го промени текот на мојот живот во целост.
Ако нешто научив од тоа, е дека не можеш да побегнеш од такво животно искуство, кое те обликува како човек и ја одредува иднината. Наместо да бегам, научив да го прифатам своето минато, сегашност и иднина“ – стои во изјавата за Venity Fair на Моника Левински.

Луѓето кои се обидуваа да ја докажат вината на Клинтон, ги презедоа работите во свои раце. Еден од нив е обвинителот Кен Стар, кој по пат на уцени се обидел да ги добие потребните докази за падот на Клинтон.

„Неговите луѓе, заедно со придружба од ФБИ агенти ме одведоа во хотелска соба во близина на Пентагон и ме предупредија дека ако не соработувам со нив, ме чекаат 27 години затвор. Тој човек ми го претвори животот во пекол само заради тоа што сакаше да биде поефикасен во обвинувањата кон тогашниот претседател“- вели Левински.

Пост трауметочен стрес синдром е последицата со која живее Моника Левински. Овој настан ги одбележал нејзините 20-ти години, а и целиот живот досега.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.