Зошто се смееме на глупави вицови?

0

Дали сте забележале дека многу често се смееме на глупави вицови? И не можеме да престанеме, ниту да објасниме зошто ни е нешто смешно. Всушност, никој не може да објасни зошто најглупавите вицови најмногу нè засмејуваат.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд се фрлиле на работа и се обиделе да ги пронајдат најсмешните вицови што кружат меѓу луѓето.

Полжав со став

Седи човек дома, кога некој му чука на влезната врата. Ја отвора и здогледува полжав на тремот. Го крева и го фрла во дворот. Три години подоцна, некој повторно чука на вратата. Човекот ја отвора и го здогледува истиот полжав, кој му вели налутено: „Добро, што е со однесувањето?“

Духот и идиотот

Тројца пријатели се заглавени на пуст остров. Наоѓаат магична ламба со дух, а тој на секој од нив му ветува по една желба. Првиот посакал да се врати дома, вториот исто, а третиот рекол: „Осамен сум. Би сакал да ми се вратат пријателите.“

Трка со мечка

Двајца планинари се шетаат низ шума и здогледуваат мечка оддалечена педесетина метри од нив. Мечката ги здогледува и трга кон нив. Едниот маж го симнува ранецот од грбот, вади патики однатре и почнува да ги облекува во паника. Другиот збунето го прашува: „Што правиш? Патиките нема да ти помогнат да бидеш побрз од мечката“, а овој му одговори: „Важно ми е да сум побрз од тебе!“

Што мислите? Дали се навистина смешни или се глупави вицови на кои се смееме?

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар