Зошто е добро да имате Водолија за пријател?

0

Водолиите се претпоследниот знак во Зодијакот, но тоа не ги прави помалку впечатливи или посебни од другите. Напротив, Водолиите се најдобрите пријатели според хороскопот. И еве зошто е тоа така.

Водолиите се отворени, сакаат забава и дружење. Тие секогаш ќе им помогнат на луѓето околу себе, дури и да сметаат дека тие не го заслужиле тоа. Водолиите нajчесто немаат предрасуди кон другите, знаат да бидат „поголеми“ од ситуацијата и скоро и да не обрнуваат внимание на неважните работи.

Но, мана им е што знаат да се „исклучат“ кога им се обраќате. Не им го земајте за зло таквото однесување. Тие само сакаат да фантазираат, иако понекогаш ги мрзи да ги реализираат своите планови. Всушност, заради таа мрзеливост често пати не доаѓа до израз нивната интелигенција.

Не сакаат да бидат ограничени, не трпат здодевност, не сакаат да се смират на едно место. Нивната љубопитност и интелигенција никогаш не им даваат мир.

Што ги прави добри пријатели? Фактот што и покрај тоа што сакаат да го имаат главниот збор, сепак знаат да го слушнат туѓото мислење и да дадат совет.

Водолиите се авантуристи, креативци, бунтовници. Нивниот динамичен карактер прави тешко да се врзуваат. Не сакаат да го трошат времето на емоции. Барем не додека не ја сретнат сродната душа. Тогаш никој не може да ги одвои од оние што ги сакаат.

Водолиите има разновидни интереси – сакаат музика, уметност, литература, сакаат да патуваат. Секогаш мечтаат за големи работи, сакаат да бидат успешни, а знаат да создадат и рамнотежа помеѓу работата и забавата. Но сакаат да чујат и пофалба ако добро ја завршиле работата.

Тие се лојални и како љубовници и како пријатели, но многу повеќе сакаат кога пријателите им приредуваат изненадувања.

Постојат и работи кои Водолиите не ги сакаат, како на пример – да ја изгубат својата слобода. Знаат да се пофалат себеси повеќе од реалното, не сакаат да должат пари, но нема ни да ви позајмат ако им побарате. Не сакаат наметливи и дрски луѓе, мрзат живот во кој треба да се водат од рутината, несогласувања, непријатни ситуации. Најмногу од сè – мрзат да губат.

Знаејќи дека за пријателите би направиле сè, верувајте, ги сакате во свое друштво!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот