Зошто ви се приспива на работа во 15 часот

0

Стресот и недостатокот на сон и тоа како можат да придонесат за оваа појава, но, ако секој ден се прозевате во исто време, за тоа би можел да биде виновен изборот на храна за ручек.

Знаете како тоа оди… После утринското кафе полни сте со елан, работата ја одработувате без многу мака, после неколку часа одите на ручек и работите уште малку, а околу 15 часот сонувате да отспиете малку, да се пикнете под работната маса и да дремнете.

За ваквиот умор можете да го обвинувате и стресот, секако, но, сетете се што јадевте дента за ручек. Видовите на јаглехидрати, кои голем број вработени ги избираат за ручек, влијаат на нивото на енергија што го имате за работа, а виновници се, се разбира, рафинираните производи.

Тестенините, белиот леб, разни печива, храна полна со рафинирани јаглехидрати не прави да сме пресити, пренајадени, а не ни дава доволно енергија ниту витамини за витално да ги одработиме работните часови попладнето.

Тука спаѓаат производите полни со шеќер, кои го даваат познатиот ефект на умор, после првичното повишување на енергијата.

Нема да верувате, но, ниту самите салати не се добар избор ако ги јадете без протеини. Затоа, со здравата салата, изберете пилешки гради, риба или тврдо варени јајца, за да ви биде енергијата на посакуваното ниво, а половината и понатаму тенка.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар