Зошто тажните песни нè прават среќни

0

Новите истражувања покажуваат зошто тажните песни предизвикуваат позитивни емоции кај луѓето…

Ви се случило кога слушате балади во кои се опева тажна љубов, вие да се почувствувате среќни, емотивно стабилни и полетни? Голем дел од луѓето ова го чувствуваат најголем дел од времето, иако нема логика ако се слуша тажна песна да преовладува чувството на среќа.

Според една нова студија, тажните песни предизвикуваат позитивни емоции кај нас луѓето. Истражувачите од Универзитетот во Токио, поканиле 44 учесници да слушаат различни типови на музика, секвенци од песни и да изберат 62 емотивни збора.

Интересно е тоа што учесниците песните ги доживеале многу потажно отколку што навистина се, а сепак имале некој позитивна возбуденост заради романтичните, носталгични чувства кои се јавиле кај нив.

Овие емоции се тие кои ги надвладуваат негативните спомени и прават да се чувствуваме убаво.

Тоа значи дека ова е одлична бесплатна терапија која  се докажува како функционална. Уште еден начин да се ослободите од негативните емоции за неубавите настани од минатото.

Само за пример, еве неколку песни кои опеваат тажни љубови:

Lady Antebellum – Need you now

Песна која пее за поранешна љубов, за носталгија и копнеж за повторна средба.

Bruno Mars – When I was you man

Загубена љубов и каење.

Robbie Williams – Feel

За потребата од љубов.

Тоse Proeski – Separate Ways

За повторна средба со љубовта на животот, за емоциите во моментот на средба.

Whitney Huston – I have nothing

Витни пееше за тоа дека ако нема љубов нема ништо

Која е вашата омилена балада за расположување?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.