Зошто пушиме повеќе цигари додека пиеме алкохол?

0

Пушачите сигурно ќе се сложат дека кутијата со цигари побрзо се празни додека пиеме алкохол. Едно американско истражување се обиде да ја открие причината зошто е тоа така.

Научниците тврдат дека ја откриле причината поради која луѓето се претвораат во социјални пушачи кога пијат алкохол, а тоа е поврзано пред сè со стремежот да останат будни, пишува „Индепендент”.

Истражувачите од Универзитетот на Мисури сметаат дека луѓето копнеат за ефектот на никотинот како стимулант при пиење, бидејќи тој помага да се компензира чувството на поспаност, предизвикано од алкохолот.

2q

 

Научниците ги набљудувале ефектите од алкохолот и никотинот врз мозокот на стаорците. На следените области на мозокот, поврзани со рефлекси, учењето и вниманието, тие откриле дека никотинот ја потиснува поспаноста предизвикана од алкохолот.

-Една од причините луѓето да бараат никотин во комбинација со алкохолот е да го задржат пријатно чувство на опиеноста, а во исто време сакаат и да ја потиснат поспаноста, велат истражувачите.

Ако пак не сакате да западнете во вакви ситуации, консумирајте алкохол со мерка и почнете да ги броите цигарите. Обидете се да пушите помалку, или пак воопшто.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.