Зошто Амишите не заболуваат од тешки болести?

0

Неодамнешно истражување откри дека Амишите влегуваат во групата најздрави народи во Америка бидејќи ракот и други посериозни болести се ретка појава кај нив.

Истражувачите одблиску го проучувале нивниот начин на живот и исхраната за да откријат зошто е тоа така.

Имено, повеќето Амиши не пушат, не пијат алкохол и не се промискуитетни, што ги довело до заклучок дека нивниот начин на живот игра главна улога во одржувањето на доброто здравје.

Многу се активни, со оглед на тоа дека примарна дејност им е земјоделството, градинарството и другите производствени работи кои бараат интензивна физичка подготвеност која ги држи во добра форма.

Амишите произведуваат само органска храна и консумираат овошје и зеленчук во големи количини, млеко, месо и други здрави продукти.

Храната е богата со ензими, витамини и хранливи состојки, што само придонесува за подобро здравје.

Голем дел од луѓето не го разбираат нивниот животен стил, кој  е многу едноставен, продуктивен и чист.

Инаку, Амишите се луѓе кои припаѓаат на верското движење што е едно од најконзервативните во денешницата. Основна карактеристика на Амишите е тоа што одбиваат да ја прифатат модерната технологија и нејзината практичност.

Како основач се јавува Јаков Аман, а движењето се појавило во 1693 во Европа, но тогаш поголемиот дел од Амишите биле принудени и прогонувани да емигрираат во Америка, а остатокот  во Европа постепено се обединиле со менонитите (етно религиозна група  врз основа на Христијанските анабаптисти именувана според Мено Симонс).

Во моментот повеќето Амиши живеат  во САД и Канада.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот