Знаете ли како правилно да пиете вода?

0

Човековото тело се состои од 50-70% вода. Пиењето на вода е од огромно значење за здравјето на целиот организам, а со тоа и за извршување на секојдневните активности и функција на телото.

Стручните лица постојано советуваат колку е потребно консумирање на вода редовно за телото, здравјето, организмот и кожата.
Според нив постојат 9 правила кои секој треба да ги почитува за правилен начин на консумирање на водата

1. Пијте вода додека седите. Одбегнувајте пиење на вода во стоечка позиција;
2. Пијте вода полека, одбегнувајте внесување на вода во големи количини наеднаш и во една воздишка;
3. Млаката вода е најдобра за пиење, се препорачува да одбегнувате пиење на многу студена вода или вода со мраз;
4. Најдобро е да пиете вода кога сте жедни. Кога ја почитувате вашата жед, внесувате онолку вода колку што му е потребно на организмот;
drinking-water-filter-singapore-1235578_960_720

5. Кога ќе почувствувате ситост при пиење на вода, запрете.  Телото ви испраќа сигнали што треба да ги следите;
6. Бојата на урината ќе ви покаже дали телото е доволно хидрирано или не. Темно жолтата боја на урина може да сигнализира дехидрација на телото. Ако урината е чиста и безбојна телото е снабдено со доволно количество на вода;
7. Сувите и испукани усни исто така може да сигнализираат недоволно внесување на вода во телото;
8. Времето  помеѓу  оброкот и пиење на вода треба да е од 1.5- 2.5 часови.
Izvorska Post-01 (1)9. Ако сте навистина жедни, може да се напиете свеж џус од портокал по појадок, млеко со топен путер по ручек и млеко по вечерата.
Овие напитоци во најголем дел содржат вода, својствата се сосема различни и се добри за  дигестивениот систем.

Зошто не треба да конзумирате вода по оброк?
Источната медицина строго го забранува внесувањето на вода по оброците бидејќи се уништува енергијата потребна на дигестивниот систем за преработување на храната.
Внесувањето на вода по оброците прави храната да се задржи подолго во телото наместо  да се преработи и телото да се ослободи од непотребните токсини. Ова исто така може да предизвика форми на гас и проблеми со кислени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар