Значењето на фигурите кои ги цртате на хартија

0

Има луѓе кои сакаат да си цртаат мали фигури по ливчиња додека се на состанок, додека разговараат на телефон или едноставно додека се во некој мисловен процес. По се изгледа дека сите тие цртежи сепак имаат некакво значење.

Ако цртате човечки фигури налик стапче, можно е да имате чувства на беспомошност кои се таложат со годините или пак дека сакате да избегнете некои одговорности. Ако пак цртате човечиња со повеќе детали на нив тоа е знак дека имате емотивна нестабилност и сакате да се изолирате себеси од другите.

Линии без некоја посебна форма значат дека вие сте човек кој сака да се става себеси во центарот на вниманието.

Дијаманти, квадрати и други геометриски фигури.Тоа значи дека вие не се плашите да го кажете вашето мислење и дека сте личност која стои на својот став. Исто така може да значи дека вие сте екстремно внимателна и аналитична личност.

Ако цртате кругови и прстени, тоа би значело дека имате желба да се поврзете со друга личност, бидејќи чувствувате осаменост и дисконектираност со светот.

Животните на цртеж имаат различно значење. Ако е тигар или волк, тогаш вие имате скриена агресија. Ако е лисица вие потајно сакате да направите нешто тајно и лукаво. Верверица би значело дека имате потреба од грижа на друга личност.

Какви фигури цртате вие?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.