Жени, мажите бегаат од овие 5 карактеристики…

0

Дами, ако мислите дека секој маж може да го освоите со убавина и харизма, секогаш имајте на ум дека на него му се важи и други работи…

Најчести карактеристики поради кои мажите бегаат од жените се следниве….

1. Претерано зборување

Драги наши дами, се надеваме дека сте доволно свесни колку посилниот пол ги излудува оваа карактеристика кај жените. Особено ако зборуваат за тема која нема никаква допирна точка со нив.
За вашите нокти, фризерот и сексуалниот статус или за вашите пријателки тие не сакаат да слушаат секој ден. А доколку ве слушаат, „од едно уво им влегува од друго им излегува“ она што ќе го слушнат.
Затоа, не се трудете воопшто, овие разговори оставете ги за на кафе со вашите пријателки.

2. Умилкување

Иако мажите ви велат дека најважно е да сте добра личност, паметна и убава, не им верувајте! Не завршува се тука, осбено ако во скоро време сте се впуштиле во заеднички живот. Ако некогаш ви велеле дека не сакаат од вас да направат домаќинка, тие всушност сакаат жена домаќинка.
Тие не сакаат да видат неред во дневната соба откако ќе се вратат од работа. Ако забележат дека и во кујната нема подготвено јадење, стануваат навистина нервозни, а тогаш заборавете на убавината! Ако го немате тој мајчински, заштитнички момент кон него, верувајте дека може да ве остави додека трепнете.

3. Посесивност

Познато ни е дека оваа карактеристика никој не ја сака, но верувајте, мажите се алергични на ова. Претерана љубомора на ниту една врска не носи убавина и љубов. Забранувањето за излегување, дружба со другари и сл, може само да ги излади вашите односи.

4. Феминизам

Она што мажите претерано ги нервира е претеран феминизам. Жените кои мислат дека се многу подобри од нив, не се посакувани во машкиот свет.
Не поради тоа што мислат дека нивниот пол е многу помоќен, туку поради тоа што со своето мислење влијаат и на мислењето на другите жени.

5. Негативност и злоба

Никој не сака да биде со личност која е постојано негативна и злобна. Постојано е спремна да настапи негативно и да ги коментира останатите околку неа.
Може со тоа би поминале еднаш или два пати, но не повеќе. Бидете паметни и насмевнете се, не се замарајте со животите на другите, и онака само еднаш ќе живеете и вие!
Бидете позитивни.

 

Извор:zadovoljna.dnevnik.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.