Заврши големата Hot Wheels авантура!

0

Вчера со почeток во 12 часот во Веро Центар во Скопје, 26 дечиња од цела Македонија кои изминатите 6 месеци активно учествуваа во наградната игра на светскиот бренд за детски играчки Hot Wheels, а беа извлечени минатиот месец, се натпреваруваа за првите три награди, Hot Wheels ултимативна гаража сет, Hot Wheels брендирано креветче и за првата награда, семејно патување во Дизниленд.

Дечињата со нетрпение чекаа модераторот на настанот, актерот Зоран Љутков, да го означи стартот на трките за да ги покажат своите тркачки способности.

После три рунди, полуфинале и финале, првото место го освои Анастасија Столевска од Тетово, второто место го освои Алек Николовски од Скопје и третото место го освои Златан Боризовски од Скопје.

Hot Wheels детските автомобили играчки се со потпис на компанијата Mattel која што е основана 1945 г. а името е изведено од имињата на основачите Harold Matson и Elliot & Ruth Handler.

Ruth Handler била американска бизнис жена и инвентор која ја креирала првата Barbie кукла. Таа е сопруга на Elliot, еден од основачите на Mattel, чија сон му било да создаде играчка автомобил со врвен квалитет за момчиња, кој ќе изгледа многу подобро и ќе има подобри перформанси од постоечките. Всушност така започнува приказната за Hot Wheels.

За таа цел, побарал помош од експерти од областа на науката за ракети, како и од автомобилски инженери.

Токму во периодот на создавање на брендот, се родил и натпреварувачкиот дух, не само во перфомансот, туку и во дизајнот на детските играчки автомобили.

Целта на брендот е преку играчките да се негува дуxот на детето да се натпреварува и да го предизвикува, со цел да допрат до нивниот потенцијал.

Првиот автомобил на Hot Wheels бил произведен во 1968 год. и тоа бил моделот на темно синиот Camaro. Од тогаш, Mattel има продадено повеќе од 1 милијарда автомобили, а најскапиот модел на Hot Wheels бил продаден на аукција по цена од 70.000 долари,за моделот Beach Bomb, кој на времето не бил популарен и затоа е многу редок.

Уште една интересна работа за овој бренд е следната: ако се наредат една зад друга сите колички на Hot Wheels произведени во последните 40 години, би ја заокружиле планетата Земја повеќе од 4 пати.

Просечна дневна продажба на Hot Wheels автомобилите во светот е 275.000 и со тоа е најпродаваниот автомобил играчка во светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.